Свет
По земјотресот во Турција, утринава имало уште 30, нема жртви и повредени
Агенцијата за справување со катастрофи (АФАД) соопшти дека по земјотресот утринава во Турција, имало уште 30 со магнитуда од 1,2 до 3 степени, но дека нема жртви и повредени, јави денеска „Анадолија“.
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди регионот на источна Турција, со епицентар во близина на градот Малатија.
Гувернерот на тој град, Седар Јавуз, во изјава навел дека неколку згради се тешко оштетени, но дека нема жртви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Уапсен човекот кој пред ураганот на Флорида го врзал кучето за ограда и го оставил
Една од приказните поврзани со неодамнешното влијание на ураганот Милтон на Флорида, а што привлече големо внимание на јавноста, беше онаа за кучето што некој го врзал за оградата на автопатот пред налетот на ураганот и го оставил, потсетуваат американските медиуми.
Војниците на ФХП утрово спасија куче врзано за столб на I-75 во близина на булеварот Брус Б Даунс. Не правете им го ова на вашите миленици, ве молиме, беше напишано на „Икс“.
FHP Troopers rescued a dog left tied to a pole on I-75 near Bruce B Downs Blvd this morning. Do NOT do this to your pets please… pic.twitter.com/8cZJOfkJL2
— FHP Tampa (@FHPTampa) October 9, 2024
Џовани Алдама Гарсија (23) од Раскин, Флорида, е уапсен и обвинет за отежната суровост кон животно, соопштија денеска властите.
Гарсија, соопшти денеска од Обвинителството, признал дека го оставил своето куче на автопатот додека се евакуирал од Флорида во очекување на ударот на Милтон.
„Во округот Хилсборо ние ја сфаќаме суровоста кон животните многу сериозно“, рече државниот обвинител Сузи Лопез во соопштението додавајќи дека обвинетиот се соочува со затворска казна до пет години.
Гарсија е ослободен со кауција, пренесува „Ен-би-си њуз“. Гувернерот на Флорида, Рон де Сантис, исто така ја поздрави веста за неговото апсење.
Свет
Зеленски го претстави планот за победа против Русија: „Ако се исполни сè, најдоцна в година можеме да ја завршиме војната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на седницата на парламентот го претстави планот за победа во војната против Русија.
Планот се состои од пет клучни точки: членство во НАТО, одбрана, одвраќање на руската агресија, економски раст и соработка, повоена безбедносна архитектура.
Покрај тоа, планот вклучува три тајни точки, кои нема да бидат откриени во јавноста, но ќе бидат клучни за спроведување на стратешките цели на Украина.
Парламентарниот претставник Дејвид Арахамиа изјави дека тајните точки ќе им бидат претставени на претседателите на партиите, пишува „Киев индипендент“.
„Доколку планот биде поддржан, најдоцна в година можеме да ја завршиме војната“, рече Зеленски во парламентот.
Членството на Украина во НАТО беше на самиот почеток на планот. Иако Украина ја поднесе својата апликација за членство во септември 2022 година, тие сè уште немаат добиено јасен одговор од западните сојузници.
„Ние разбираме дека членството во НАТО е прашање на иднината, а не на сегашноста“, посочи Зеленски.
„Ако Путин ги постигне своите налудничави геополитички, воени, идеолошки и економски цели, тоа ќе создаде огромен впечаток кај другите потенцијални агресори, особено во регионот на Персискиот Залив, регионот на Индо-Пацификот и Африка, дека агресивните војни може да бидат профитабилни за нив исто така“, рече тој.
„Мораме да спроведеме план за победа за да ја принудиме Русија да биде на мировниот самит и подготвена да стави крај на војната“, заклучи Зеленски.
Регион
Се огласи Клиничкиот центар во Сараево за смртта на девојчето по вадење заб
Шеснаесетгодишно девојче почина на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС) кога доживеа тешки компликации при стоматолошка процедура во приватна ординација во Сараево.
Во врска со овој трагичен настан КЦУС излезе со соопштение.
„Колективот на КЦУС изразува искрено сочувство до семејството по повод овој немил настан, смртта на шеснаесетгодишно девојче. Како професионалци, колку и да сте подготвени, смртта е секогаш тежок удар, особено кога станува збор за млад човек. Поради оваа причина, раководството на КЦУС и Министерството за здравство на кантонот Сараево побараа да се спроведе внатрешен стручен надзор над целокупниот третман на пациентот со цел да се утврдат сите околности и точниот тек на лекувањето“, пишува во соопштението на КЦУС, пренесуваат медиумите во регионот.
Во написите потсетуваат дека по извршена стоматолошка процедура во приватна ординација, девојката добила сериозни компликации поради што итно била префрлена во КЦУС. И покрај сите напори на лекарскиот тим да ѝ го спасат животот, таа починала.
Точната причина за смртта ќе биде утврдена по обдукцијата, а од Обвинителството на кантонот Сараево потврдија дека се поведени истраги во врска со овој случај.
„Постапката е во тек, се преземаат дејства со цел да се утврдат сите околности на смртта. Со оглед на тоа дека се работи за малолетно лице, Ообвинителството во моментот не може да даде повеќе информации“, велат од обвинителството за „Н1“.