Македонија
Јакимовски: Има средства да се финансира академија на науки и уметности на Албанците, а нема да се обезбеди парно за учениците во Карпош

Не може да се штеди на грбот на граѓаните и децата на територија на општина Карпош. Вчера градоначалниците Албанци од локалната самоуправа рекоа дека сами ќе ја финансираат академијата на науки и ументостви на Албанците. Тие имаат средства да си ја финансираат академијата, а ние македонските градоначалници немаме средства да го платиме ни парното за учениците во основните училишта, посочи на денешната прес-конференицја градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.
„Сето тоа го поддржа председателот на советот на Град Скопје, професорот доктор Трајко Славевски кој јасно укажува дека е ова договорена работа за како да ги прејдат граѓаните, односно тоа да не го плати централната власт туку да оди преку локална самоуправа“, вели Јакомовски и додава:
„Ова навистина е срамно од една Влада која дојде на власт со алтиалбанска реторика, но се однесува најнекоректно токму кон македонските опптини, ставајќи ги на маргините општините кратејки им ги средствата кои треба да им ги исплати, а трошоците во уличиштата постојано се зголемуваат“, посоли Јакимовски.
Потенцира и дека е коректно од министерката да каже дека нема средства, дека недостасуваат средства во Карпош и да се надева дека со новиот буџет за 2025 година ќе најде средства да го обезбеди Карпош да не должи за отоплување и други потреби.
„Крајно некоректно е да се каже дека градоначалникот е способен и ќе се најде“, дециден е Јакимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Хеликоптерска акција во Штип: Полициски службеници спасија повреден војник од борбата со пожарот

Во време кога летните горештини го зголемуваат ризикот од пожари, а бројот на активни огнени жаришта се зголемува ширум државата, секоја служба на терен има своја задача. Но, кога станува збор за спасување човечки живот, сите се еднакви – и тоа денеска уште еднаш се покажа на дело.
Полициски службеници со хеликоптерот „Агуста Бел 212“ на Министерството за внатрешни работи (МВР), денеска извеле драматично спасување на повредено лице на фронтот на пожарот.
– Во исклучително тешки услови беше извршено спасување на С.Н. од македонската Армија, припадник на Првата пешадиска бригада од Штип, кој несебично се бореше со огнената стихија. Полициските службеници уште еднаш ја покажаа својата хуманост и одговорност – порачаа од МВР.
Од Министерството информираат дека активностите на полициските хеликоптери продолжуваат и понатаму и ќе траат се додека пожарите на територијата на целата држава не бидат целосно изгаснати.
Овој чин потсетува дека борбата со пожарите бара координирано и солидарно делување на сите институции – и дека хуманоста и пожртвуваноста се клучни во заштитата на човечките животи и природата.
Македонија
На првиот состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул учествуваше Муцунски

На покана на министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера во Истанбул учествуваше на првиот состанок на Балканската платформа за мир. Настанот се одржа на иницијатива на турскиот министер Фидан, со учество на министрите за надворешни работи од земјите од Западен Балкан.
Како што се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на состанокот се разговарало за европската интеграција, регионалната поврзаност, младите, образованието, одбранбената индустрија и други актуелни регионални прашања. Учесниците се согласиле дека платформата треба да продолжи и на лидерско ниво.
Во своето обраќање, министерот Муцунски ја истакнал определбата на државата за конструктивна регионална соработка како двигател на економскиот развој. Тој укажал на сериозните предизвици со кои се соочува регионот – ниска конкурентност на економиите, недоволна енергетска и инфраструктурна поврзаност и иселување на младите. Муцунски го посочил и отсуството на предвидлив и динамичен европски пат, потенцирајќи ја потребата од поголема одлучност и лидерство во процесот на интеграција на регионот во ЕУ, особено во актуелниот геостратешки контекст.
Како позитивен пример беше посочен Планот за раст за Западен Балкан, со акцент на неговиот потенцијал за носење конкретни придобивки за граѓаните и бизнисите. Муцунски ја истакна и инвестициската посветеност во коридорите 8 и 10, како клучни транспортни и енергетски врски меѓу Јадранското, Егејското и Црното Море, посочуваат од МНРиНТ.
Министерот подвлекол и дека регионот мора да вложува повеќе во човечкиот капитал, конкурентноста, туризмот, културата и образованието како предуслови за одржлив развој и поврзување.
Во обраќањето пред медиумите, министерот Фидан нагласи дека стабилноста на Балканот е приоритет за Турција и дека платформата има за цел решавање на регионалните проблеми преку зголемена соработка, енергетска стабилност и поврзаност.
На маргините на настанот, министерот Муцунски остварил и билатерална средба со својот домаќин, министерот Фидан. Разговорите биле фокусирани на билатералните односи, економската соработка, инвестициските можности и продлабочувањето на соработката во области од заемен интерес.
Македонија
Шумскиот пожар во Крива Паланка се шири кон куќите, екипите се на терен

Шумскиот пожар што од вчера напладне зафати над 50 хектари борова шума во кривопаланечкото село Нерав, според информациите од Општина Крива Паланка се проширил и на делови од територијата на општина Ранковце, село Герман како и кон општина Трговиште, Република Србија.
Командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски, информира дека екипите се терен и работат на гасењето без престан, но пожарот се шири и доближува кон куќите во селото Нерав.
Дојава за пожарот во ТППЕ Крива Паланка е примена вчера околу 14 часот, а во гасењето активно биле вклучени екипи на: ТППЕ Крива Паланка, ТППЕ Ранковце, Противпожарна единица Трговиште, Србија, екипи од јавното претпријатие „Македонски шуми“ – Подрачно шумско стопанство “Осогово”,Крива Паланка и локално население од селата Нерав и Трговиште.
-Теренот е непристапен, во текот на ноќта гасевме заедно со сите што беа вклучени, сега на терен сме од противпожарната единица од Крива Паланка и “Македонски шуми”, направив замена на еден тим од ТППЕ, колегите се беспоштедно ангажирани, вчера успеавме да спречиме пожарот да се доближи до куќите, но денес огнот повторно се шири и претставува закана за куќите, населението е вклучено, а градоначалникот е во постојана координација со општинскиот кризен штаб, информира Коцевски.
Од општината апелираат сите граѓани строго да ги почитуваат препораките и да се воздржат од движење во планински и шумски предели, со цел заштита на сопствената безбедност и олеснување на работата на службите на терен.