Црна хроника
Уапсен лихвар од Кичево: полицијата пронашла пари и злато во неговиот дом
Вчера во 15.30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Л.А.(64) од Кичево поради сомнение дека е сторител на кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.
Со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што билепронајдени и одземени поголема сума пари во различни валути и апоени, златен накит и други предмети.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Се преврте комбе кај Катланово, загинаа три лица, има и повредени
Три лица загинаа, а пет се префрлени во болница откако се преврте комбе кај тунелот на автопатот Скопје-Велес.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена попладнево во 17.45 часот. Констатирана е смрт кај три лица, а петмина се пренесени во болница за укажување помош.
Сообраќајот е во прекин.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР вечерва вршат увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес. На местото на несреќата е повикан и сообраќаен вештак за утврдување на причините. Се преземаат увидни дејствија, а јавниот обвинител ќе ги издаде сите потребни наредби за вештачења.
Топ
Oбид за убиство во Македонија поради имот
Полицијата поднесе кривична пријава против Р.Ц.(59) од Македонски Брод поради убиство во обид.
„На 13 октомври во семејна куќа во селото Лупште, поради нерасчистени имотно-правни односи, пријавениот со нож го нападнал Љ.В. од селото Челопек“, соопшти МВР.
При нападот му нанел тешка телесна повреда.
Црна хроника
Куршум погодил возило на скопјанец во Кисела Вода
Вчера во 08.15 часот во СВР Скопје, Ц.Г.(41) од Скопје пријавил дека од заталкано зрно од огнено оружје му било оштетено неговото патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, паркирнао во неговиот двор на подрачјето на Кисела Вода.
Извршен бил увид и се преземаат мерки на расчистување на случајот.