Црна хроника
Претреси во Струмица, пронајдена дрога
																								
												
												
											Вчера во 17.30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода К.М.(26) од село Пирава, валандовско, со престој во Гевгелија и И.Џ.(37) од Гевгелија.
При преглед на патничко возило „ауди“ со валандовски регистарски ознаки, во кое биле затекнати двајцата, биле пронајдени кристална материја, најверојатно амфетамин и дигитална вага.
Поради сомнение за поврзаност со нив во вршење на кривичните дела, од слобода бил лишен и А.М.(44) од село Тимјаник, неготинско, со престој во Гевгелија. Подоцна, со наредба на судија од Основен суд Гевгелија, бил извршен претрес во нивните домови, при што во домот на К.М. била пронајдена кафеава прашкаста материја и луле за користење на марихуана, а во домот на И.Џ. била пронајдена марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Истиот ден во 23.30 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода и С.К.(44) од село Удово, валандовско.
Во неговиот дом, со судска наредба, бил извршен претрес и биле пронајдени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Лицата биле задржани во полициските станици во Гевгелија и Валандово, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово документирање против К.М., И.Џ., А.М. и С.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Црна хроника
Краделе тутун од фолии и сушници во Василево и Босилово, направиле штета од 500.000 денари
														Полицијата уапси три лица за кражба на тутун од фолии и сушари во Василево и Босилово со што направиле штета од 505.000 денари.
Според информациите од МВР, СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Е.И.(21), Т.Ф.(20) и Т.Д.(31), сите од с.Старо Балдовци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.
Тие се сомничат дека во периодот од 06.08.2025 до 15.10.2025 од фолии и сушари, сопственост на жители на неколку населени места од општините Василево и Босилово, одзеле сув тутун. На тој начин тие им нанеле штета од 505.000 денари.
Црна хроника
Уапсен 46-годишен скопјанец за обљуба врз малолетната поќерка
														Четириесет и шестгодишен скопјанец е уапсен под сомнение за обљуба врз неговата малолетна поќерка.
Според информациите на МВР, вчера во 22:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 46-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз неговата малолетна поќерка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повредено 12-годишно дете во автобус на ЈСП
														Дванаесетгодишно дете се здобило со тешки повреди во автобус на ЈСП откако возачот закочил нагло.
Според информациите на МВР, вчера во 19:00 часот во СВР Скопје, М.С.(41) од село Кондово, скопско, пријави дека на 01.11.2025 околу 16:45 часот на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, додека се возела во автобус на ЈСП, возачот нагло закочил, при што нејзиниот 12-годишен син паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

