Македонија
Халкбанк продолжува со својата посветеност на развојот на културната сцена во Македонија
Како дел од својата мисија да биде активенподдржувач на културата во Македонија, Халкбанк постојано стои зад најразлични настани кои придонесуваат за нејзин развој. Од културни проекти до концерти кои се оганизираат под нејзино покровителство или со нејзина помош,
банката на овој начин придонесува за збогатување на културната сцена и поттикнување на уметничкиот израз потврдувајќи ја својата улога на поддржувач на културата во земјата.
Во рамките на ваквата поддршка, оваа есен, банката е спонзорна концертот на музичката дива Калиопи, кој ќе се одржи на 19 октомври во Арена Борис Трајковски. За вљубениците во музиката и во прекрасниот вокал на Калиопи, Халкбанк во пресрет на концертот, организира интересен предизвик кој дава шанса да се освојат ВИП карти за концертот и лична средба со Калиопи зад сцената.

Со креирање на своја верзија на една од нејзините најпознати песни, „Месечина“, учесниците во предизвикот, имаат можност да се забавуваат, да се присетат на најголемите нејзини хитови и да уживаат во уникатно концертно искуство, што вклучува ВИП карта и средба со пејачката
зад сцената.
Со континуирана поддршка на културните настани, Халкбанк покажува дека е повеќе од финансиски партнер – таа е вистински соработник на уметниците и креаторите на културата, секогаш стремејќи се да ги оплемени животите на луѓето во заедницата.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

