Црна хроника
Двајца повредени во тешка сообраќајна несреќа меѓу „голф“ и „корса“ на патот Радовиш – Штип
Вчера во 06.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш–Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.А.(20) од село Лакавица, штипско и патничко возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.С.(30) од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., додека Ѓ.А. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ученичка претепана со тврд предмет од соученик во Скопје
Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје, З.К.(48) од Скопје пријавил дека околу 10.30 часот во основно училиште на подрачјето на Карпош неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик, кој употребил тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Упатени закани кон градоначалникот на Тетово, Билал Касами
Вчера, во 11.30 часот, во СВР Тетово бил повикан Ј. В.( 43) од с. Требош за кого постои основано сомневање дека извршил кривично дело ,загрозување на сигурноста, пријавено околу 10.30 часот во СВР Тетово од градоначалникот на општина Тетово Б. К. (49) од Тетово, кој пријавил дека претходниот ден околу 23.40 часот на неговиот мобилен телефон добил порака со заканувачка содржина.
По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.
Црна хроника
70-годишник повеќепати силувал 13-годишно дете
СВР Куманово поднесе кривична пријава против И. С. (70) од oпштина Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување дете што не наполнило 16 години“.
Пријавениот во повеќе наврати во временски период од два месеца вршел полови дејства врз 13-годишно дете.