Македонија
ИЈЗ: Направени епидемиолошки анкети на сите 16 лица, тестираните две лица се негативни на птичји грип
Од Институтот за јавно здравје посочуваат дека се направени епидемиолошки анкети на сите 16 лица, кои се доставени од списокот, и направено е и тестирање на две лица кои пројавиле симптоми на птичји грип, но резултатите биле негативни.
„На 21 октовмри, во согласност со протоколите, направено е тестирање на птичји грип во Одделението за вирусологија во ИЈЗ, референтна лабараторија, која е меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца, грип од хумано и анимално потекло, на лице што во епидемиолошката анкета има наведено дека еден ден имало симптоми на покачена телесна температура. Воедно, тестирано е на ист начин и второто лице вработено во ЗОО, кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во ЗОО, но на 21 октомври се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми. Ве известуваме дека по добиените резултати од спроведените тестирања, двете лица се негативни на птичји грип“, велат од ИЈЗ.
Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, вчера изјави дека здравствен надзор, во согласност со протоколите, не подразбира карантин и изолација, туку медицинско следење во текот на следните две недели дали вработените што биле во контакт со птиците ќе пројават каков било симптом, кој понатаму би требало да се испитува дали се работи за птичји грип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

