Црна хроника
Почината жена со повреди била донесена во болницатa во Кочани: полицијата ги уапсила сопругот и синот

Синоќа во 19.20 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош Кочани било пријавено дека Б.З.(70) и М.З.(45) од с.Чешиново, кочанско, кај нив со повреда на главата ја донеле почината нивната сопруга односно мајка, Ѓ.З.(69) од с.Чешиново.
Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител и поради сомнение за нивна инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Б.З. и М.З..
Исто така, по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.
Од извршената обдукција било констатирано дека не се работи за насилна смрт туку истата починала од срцев удар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Извршил обљуба врз деветгодишно девојче: уапсен скопјанец

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.О.(32) од скопско село.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во друго скопско село, тој извршил обљуба врз деветгодишно девојче од селото.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.
Топ
Семејството го барало неколку дена, во куќа во Кавадарци пронајден починат маж покриен со земја

Полицијата пронајде починат 42-годишен маж во Кавадарци, постојат сомненија за убиство.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид во куќа во која беше пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж.
Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело, велат од обвинителството.
Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам.
Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот. Од лице место подигнати се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се издаваат наредби и насоки за откривање на сторител.
Црна хроника
Двајца полицајци повредени во сообраќајна несреќа во Куманово

Двајца полицајци се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 15:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу „шкода јети“, сопственост на МВР, „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(48) од Куманово и „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од Куманово.
Во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачот и совозачот – двајцата полициски службеници од возилото „шкода јети“, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.