Регион
Се трага по повратник од затвор во Бијело Поле, ручал со братот и сестрата, па ги убил

Братот и сестрата Миланка и Јован Маџгаљ се убиени синоќа во селото Бијело Поље, додека осомничениот за тоа двојно убиство Алија Б.(64) е во бегство. Од полицијата велат дека сите расположливи единици се на терен, а до граѓаните е упатен апел да бидат внимателни.
Обвинителката Љубица Цаковиќ утринава за ТВЦГ изјави дека синоќа околу 22 часот дежурниот обвинител бил известен од полицијата дека во градот Соколац се пронајдени две тела.
– Сите мерки и дејствија ги преземаат полицијата и обвинителството. За денеска е планирана истрага – изјави за ТВЦГ обвинителката Љубица Цаковиќ.
Шефот на Регионалниот безбедносен центар „Север“, Харис Ѓурѓевиќ, изјави дека сите полициски екипи се на терен, зајакнат е целиот работен систем во областа Вранешка долина. ТВЦГ јавува дека се ангажирани и силни полициски сили, хеликоптер и беспилотни летала.
Полицијата синоќа соопшти дека кај Томашев во Бијело Поље биле убиени две постари лица.
Оттаму додадоа дека околу 21:10 часот полицијата во Бијело Поље била известена дека во селото Соколац кај Томашево се убиени две постари лица, чии тела биле пронајдени во куќата, а насилникот побегнал вооружен.
Вишото обвинителство во Бијело Поље синоќа потврди дека се убиени две лица. Според првичните информации, во куќата биле пронајдени две тела. Полицијата идентификуваше едно лице за кое се сомничи дека е сторител на ова дело. Има информации дека тоа би можело да биде Алија Б.(64). Станува збор за повеќекратен повратник од затвор кој последниве денови е виден во тоа село.
За кражба на пушка, како што пишуваат црногорските медиуми, полицијата 15 дена трага по осомничениот Алија Б. Според неофицијални информации, вчера убиецот ручал во куќата во која се вратил и ги убил братот и сестра си.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Регион
Големи пожари беснеат на најмалку пет различни локација во Грција

Во источниот дел на областа Атика, поширокиот регоион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, попладнево се активни големи пожари, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки до жителите на зафатените области.
Во пожарот во централна Евија, изгореа две противпожарни возило, а четворица пожарникари со полесни повреди на рацете и очите и со респираторни проблеми биле префрлени во болница.
Во сите пожари, беа превентивно евакуирани жителите на населените места во непосредна близина на огнената стихија, откако од бројот 112 за итни случаи беа испратени соодветни пораки.
За Атика, Евија и за дел од Пелопонез за денеска имаше предупредување за екстремно голема опасност од пожари, категорија пет, што воедно е и највисоката категорија во прогнозите за опасност од пожари на Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција.