Контакт

Свет

Камион удри во луѓе на автобуска станица во близина на Тел Авив, едно лице загина

Објавено пред

Едно лице загина, а неколку десетици се повредени во денешниот напад, кога камион удри во луѓе на автобуска станица во близина на Тел Авив. Тамошната полиција се сомнева дека е терористички чин.

dobivaj vesti na viber

Камионот удрил во автобуска постојка во близина на воена база во 10 часот по локално време, соопшти полицијата.

Возачот, кој имал израелско државјанство, бил „неутрализиран“ од вооружен цивил, додава полицијата.

Вкупно 40 лица се повредени, од кои дел се потешко.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и нагласи дека „постои сомнение дека се работи за терористички напад“.

Израелските медиуми јавуваат дека напаѓачот е израелски Арап од Калансаве, град во централен Израел.

Регион

ГЕРБ на Бојко Борисов е во водство на изборите во Бугарија

Објавено пред

Победник на најновите предвремени парламентарни избори е партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов – ГЕРБ со 26,4 отсто, покажуваат првите излезни анкети. Според излезните анкети на агенцијата Алфа рисрч, партијата на Борисов освоила 26, 4 отсто од гласовите или 74 мандати. За да се формира влада во Бугарија се потреби 121 пратеник.

dobivaj vesti na viber

Според податоците на агенцијата Алфа рисрч, на второ место е коалицијата Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија со 14,9 отсто од гласовите, а по неа е Препород со 12,9 гласови.

Во парламентот влегува и ДПС – Нов почеток со 8,9 отсто, потоа Алијансата за права и слободи со 8,7 отсто, БСП-Обединета левица со 7,8 отсто од гласовите и Има таков народ со 6,2 отсто од гласовите, покажуваат излезните анкети.

Овие резултати на излезните анкети не ги содржат гласовите од дијаспората, па можни промени на бројките.

Прикажи повеќе...

Свет

Иран не бара војна, ама ќе одговори соодветно на израелските напади

Објавено пред

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Техеран не бара војна со Израел, но е подготвен да даде соодветен одговор на израелските напади оваа недела врз ирански воени локации.

dobivaj vesti na viber

„Ние не бараме војна, но ќе ги браниме правата на нашата нација и земја, рече Пезешкијан на состанок на владата во Техеран.

„Ќе дадеме соодветен одговор на агресијата на ционистичкиот режим“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Бројот на жртви во невремето што го погоди Филипини се искачи на 138

Објавено пред

Бројот на жртвите во невремето Трами, што го погоди северозападниот дел на Филипините, се искачи на 138, а голем број луѓе се водат за исчезнати, соопшти денеска владината агенција за одговор при катастрофи.

dobivaj vesti na viber

Агенцијата соопшти дека бројот на жртви најверојатно дополнително ќе се зголеми поради поплавите и одроните предизвикани од невремето.

Полициски и противпожарни единици се ангажирани во операции за помош и спасување во погодените области на Филипините.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Голема материјална штета направи пожарот во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово, нема повредени (ВИДЕО)

Голем пожар доцна вечерва избувна во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово. Како што објавија вечерва на социјалните мрежи пожарникарите од...

Македонија58 минути

Пожар во дел од туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово

Вечерва избувна пожар во дел од туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово, информираат тамошните општински власти. На терен се екипи на...

Регион2 часа

ГЕРБ на Бојко Борисов е во водство на изборите во Бугарија

Победник на најновите предвремени парламентарни избори е партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов – ГЕРБ со 26,4 отсто, покажуваат првите...

Свет5 часа

Бројот на жртви во невремето што го погоди Филипини се искачи на 138

Бројот на жртвите во невремето Трами, што го погоди северозападниот дел на Филипините, се искачи на 138, а голем број...

Македонија8 часа

(Видео) Општините го добиваат првиот дел од 250 милиони евра за реализација на капиталните инвестиции

Во Владата денес беше потпишан договорот од првата транша од проектот 250 милиони евра за капитални инвестиции во општините. Дел...

Македонија8 часа

Мицкоски е уверен дека Христовски ги исполнува условите за директор на АНБ, ја повика Антикорупциската комисија случајот да го стави на брза лента

Премиерот Христијан Мицкоски е уверен дека директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, ги исполнува законските услови. Прашан од...

Македонија10 часа

(Видео) СДСМ бара Христовски итно да се повлече од директор на АНБ: „Користењето на фалсификуван документ е криминал“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија повика Бојан Христовски итно да биде повлечен од директорската позиција на Агенцијата за национална безбедност. Методија...

Свет10 часа

Пешак загина во сообраќајна несреќа кај Батинци

Осумдесет и тригодишен пешак од селото Батинци, Скопско загина во сообраќајна несреќа, по удар на автомобил. Несреќата се случила на...

Свет12 часа

Зеленски упати нов апел до главните сојузници на Киев да го засилат притисокот врз Москва

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, неодамна потпиша закон со кој им се дозволува на странски државјани да служат во вооружените сили...

Свет12 часа

Путин: Ако Западот дозволи удари со долг дострел врз Русија, нашиот одговор ќе пристигне

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва подготвува различни начини да одговори доколку Соединетите Држави и нивните сојузници во НАТО...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Треба да препроектира трасата за автопатот од Скопје до Блаце кој ја чини државата 300 милиони евра

Автопатот кон Блаце по траса за жнеење милиони на блиски до СДС и ДУИ, наместо автопат имаме пустелија Автопатот кон...

Регион13 часа

Граѓаните на Бугарија денес одат на седмите предвремени избори во последните четири години

Бугарските граѓани денес одат на седмите предвремени избори во последните четири години, додека поделените политички партии во земјата се борат...

Македонија1 ден

Членовите на Комисијата за помилување поднесоа колективна оставка

Членовите на Комисијата за помилување поднесоа колективна оставка, соопшти професорот Гордан Калајџиев. „Ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од...

Топ1 ден

Уште еден возач побегна откако удри во пешак во Скопје

МВР соопшти за уште едн случај на сообраќајна несреќа со пешак во Скопје, која завршува со потрага по возачот на...

Свет1 ден

Живот после напад

Жителите на Техеран денеска се занимаваа со секојдневните работи и покрај ноќните напади на израелската армија недалеку од иранската престолнина....

Свет1 ден

(Видео) Објавени снимки од израелскиот напад врз Иран

Објавени се снимки од синоќешниот напад врз воени локации во Иран во три бранови воздушни напади. Израелската војска соопшти дека...

Македонија1 ден

Бугарскиот Парламент да го ратификува Пристапниот договор за да почне процесот на уставни измени, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е беспредметно да се испраќа писмо до Европската унија. Мицоски вели дека она што требало...

Македонија2 дена

Се снимал и сликал со бомби кашикари во раце, ОЈО бара притвор

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Мала Речица кој неовластено држел експлозивни материи...

Македонија2 дена

Стрелките на часовникот ноќеска се враќаат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат...

Топ2 дена

38-годишен маж силувал малолетник во Струмица

Синоќа во 23.50 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 38 – годишен жител на Струмица. Тој се...