Свет
Орбан и порача на Грузија: „Не дозволивте вашата земја да стане уште една Украина“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека победата на изборите во Грузија, што ја постигна десничарската партија „Грузиски сон“, е слободна и демократска и покрај големите протести на опозицијата, која ги смета изборите за наместени.
Орбан, главниот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин во Европската унија, е првиот странски лидер што ја посети Грузија по изборите во минатата сабота.
Претседателот на Грузија и опозицијата тврдат дека изборите се украдени со помош на Русија, а ЕУ и САД побараа целосна истрага за нерегуларностите.
Сепак, по средбата со грузискиот премиер Иракли Кобахидзе, Орбан изрази поинаков став, честитајќи му за победата.
Ја гледам дебатата што се водеше околу изборите, ги читам оценките на меѓународните организации и гледам дека никој не се осмелува да се сомнева дека овие избори биле слободни и демократски“, рече Орбан.
Луѓето се собраа пред парламентот во понеделникот вечерта, барајќи нови избори под меѓународен надзор и истрага за наводното лажирање на гласовите.
Протестот ги зголеми тензиите во земјата, каде владејачката партија Грузиски сон стана авторитарна и се повеќе се свртува кон Москва.
Орбан рече дека е јасно оти „и опозицијата и владејачката партија се посветени на европската интеграција“, отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека партијата Грузиски сон се противи на тоа.
„Иако имате проевропска политика, не дозволивте вашата земја да стане уште една Украина“, рече Орбан и го повика Кобахидзе да ги игнорира сите критики за изборите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Падна снег, дува силен ветер: делови од Хрватска без струја, автопатот затрупан
Снег паѓа во Горски Котар и Лика и во делот на континентална Хрватска – од Загорје, Меѓумурје до Славонија. Силен ветер дува на Јадранот, во Риека ветерот урива дрвја и телефонски столбови.
Поради снегот, во Горски Котар и Лика во моментот нема слободен патен правец од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно за камионите со приколки и сите други возила што немаат зимска опрема.
Поради ветерот, на автопатот А7 Рупа – Крижишќе сообраќајот е забранет за автобуси, мотоцикли и возила со камп-приколки.
Свет
Украинскиот парламент ја откажа седницата поради закана од напад
Украинскиот парламент ја откажа седницата поради нова закана од напади.
„Блумберг“ пренесува дека овој потег доаѓа откако Москва вчера лансира експериментална балистичка ракета со среден дострел кон Украина.
Како што најавија надлежните, пленарната седница ќе продолжи следната недела.
Украина објави дека Русија вчера лансирала нов тип балистичка ракета кон градот Днипро како најнова ескалација на непријателствата и алармантен сигнал до западните поддржувачи на Киев.
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Русија како одговор на нападите на американските и британските ракети со долг дострел лансирала нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ на украинска територија, на која, како што рече, современите системи немаат начин да ѝ се спротивстават.
Регион
Силен земјотрес во Грција: се стресе островот Кос
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција.
Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри од градот Кефалос на островот Кос на длабочина од 104 километри.
Засега нема информации за причинета материјална штета.