Свет
Извештај на СЗО: Осум милиони луѓе во светот страдаат од туберкулоза
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека повеќе од осум милиони луѓе се заразиле со туберкулоза, што е најголем број заразени откако здравствената агенција на Обединетите нации почна да води евиденција.
Поновиот извештај покажа дека близу 8,2 милиони луѓе биле заразени со туберкулоза во 2023 година, што е највисок број регистриран откако СЗО почна да ја разгледува болеста на глобално ниво во 1995 година.
Зголемувањето во однос на 2022 година, кога имало 7,5 милиони заразени луѓе, ја претставува туберкулозата како водечка заразна и смртоносна болест во 2023 година, надминувајќи го Ковид-19, според СЗО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бројот на жртвите од поплавите во Валенсија се зголеми на 63, порои вода измешани со кал се тркалаат по улиците со застрашувачки брзини
Бројот на жртвите од поплавите во источниот шпански регион Валенсија се искачи на најмалку 63 лица, соопштија денеска локалните власти.
Службите за вонредни состојби во Валенсија, каде што поплавите ги претворија селските улици во реки и го прекинаа железничкиот и патниот сообраќај во најголемата природна катастрофа во земјата во последно време, го потврдија бројот на жртвите, објави АП.
Невремето вчера предизвика поплави во поголемиот дел од јужна и источна Шпанија, со порои вода измешани со кал кои се тркалаат по улиците со застрашувачки брзини.
Полицијата и итните служби користеа хеликоптери за да ги спасат луѓето од нивните домови и автомобили.
Свет
Папата Франциско упати нов апел за мир: Децата и семејствата се првите жртви на војната
Папата Франциско денеска при своето појавување на плоштадот Свети Петар во Ватикан упати нов апел за мир во кој изјави дека децата и семејствата се првите жртви на војната.
„Се молиме за мир. Мирот е дар на Духот“, рече папата, пренесе АНСА.
Тој предупреди дека областите погодени од војната се прошируваат.
„Размислуваме за земјите кои многу страдаат: Украина, Палестина, Израел, Мјанмар, Северен Киву настрадаа, а многу земји се во војна“, рече папата Франциско, пренесува Танјуг.
Свет
(Видео) Во Боливија уништени 21,6 тони кокаин, пратката била наменета за Германија
Во Боливија се уништени 21,6 тони кокаин по „најголемата заплена“ на дрога во историјата на земјата, објавија властите.
Кокаинот бил пронајден на 15 октомври во пратка соја.
„Ја информираме Боливија и меѓународната заедница за денешното согорување на 21,6 тони конфискуван кокаин“, објави на Фејсбук министерот за внатрешни работи Едуардо Дел Кастиљо.
#NoticieroPopular
🚨En un operativo antinarcóticos se logró la incineración de 21,6 toneladas de cocaína, “la mayor incautación de la historia boliviana” según autoridades de Gobierno. La carga estaba camuflada como bolsas de harina de soya. pic.twitter.com/6lCSUfqAA8— RTP Bolivia (@rtp_bolivia) October 29, 2024
Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на Боливија и една од најголемите во регионот во последните години во една операција, рече министерот.
Пратката со кокаин била наменета за Германија.
Според податоците на ОН, Боливија е трет производител на кокаин, по Перу и Колумбија.