Свет
Медведев: Америка е навикната да решава сè преку колено, тоа ќе ги уништи
Соединетите Американски Држави се навикнати да решаваат сè преку колено, тие тргнуваат од принципот на исклучителност кога се во прашање нивните интереси – тоа еден ден ќе ги уништи, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.
„Навикнати се да кршат се преку колена. Тие тргнуваат од исклучителни принципи кога се во прашање интересите на Соединетите Американски Држави. Тоа е голема грешка. Тоа едноставно ќе ги уништи еден ден“, изјави Медведев во интервју за телевизијата „РТ“.
Според него, одговорноста за започнување на специјалната воена операција ќе биде на Западот.
„Ако западните земји, а пред се САД, беа доволно флексибилни и интелигентни за да склучат договори за безбедност со Русија, немаше да има никаква специјална воена операција“, објасни Медведев.
Претходно, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека западните земји ја губат војната во Украина, но дека се уште не сакаат да ја запрат и да го признаат својот неуспех, пренесува Спутник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лавров: Америка го распарчува светот
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД го „распарчуваат“ светот со своите постапки кон Венецуела и Иран.
Лавров рече дека САД го фрагментираат меѓународниот систем со преземање на она што тој го нарече нелегална операција за соборување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро и со закана кон Иран со напад.
„Зборуваме за грубо кршење на меѓународното право“, рече Лавров за операцијата на САД за апсење на Мадуро. Тој додаде дека Русија останува посветена на своите договори со Венецуела, руски сојузник.
Лавров посочи дека САД го оштетуваат сопствениот имиџ со напуштање на принципите што ги промовираа толку долго. „Нашите американски колеги изгледаат несигурно кога дејствуваат на овој начин“, предупреди Лавров на прес-конференција со својот намибиски колега во Москва.
Запрашан за извештајот на Блумберг дека претставникот на Белата куќа Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, сакаат да ја посетат Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин, Лавров истакна дека Путин постојано повторува дека е отворен за сериозни мировни разговори во Украина.
„Би било корисно ако Вашингтон ја информираше Москва за најновите мировни предлози за Украина“, истакна Лавров.
Свет
„Последиците би биле невидени кога би се загрозил суверенитетот на сојузниците“, предупреди Макрон
Доколку суверенитетот на една европска земја и нејзините сојузници биде загрозен, последиците би биле невидени, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на денешната седница на кабинетот, алудирајќи на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз арктичката територија.
„Не ги потценуваме изјавите за Гренланд“, рече Макрон, според портпаролката на владата Мод Брежон.
„Доколку суверенитетот на една европска земја и нејзините сојузници биде загрозен, последиците би биле невидени. Франција ја следи ситуацијата многу внимателно и ќе дејствува во целосна солидарност со Данска и нејзиниот суверенитет“, додаде тој.
Претходно во текот на денот, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои силна врска меѓу ЕУ и Гренланд и дека народот на Гренланд може да смета на поддршката на ЕУ.
Министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд ќе се сретнат подоцна денес во Белата куќа со потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, по неколкунеделните закани од претседателот Доналд Трамп против Гренланд, автономна територија во рамките на Данска.
Свет
Јапонската премиерка ќе го распушти парламентот и ќе свика предвремени избори
Јапонската премиерка Санае Такаичи планира да го распушти парламентот следната недела и да свика предвремени општи избори, изјави во среда генералниот секретар на нејзината владејачка партија.
Според информиран извор и домашни медиуми, Такаичи размислува за одржување на изборите на 8 февруари. „Мораме да побараме нов мандат“, изјави Шуничи Сузуки, генерален секретар на Либерално-демократската партија, за новинарите по состанокот со премиерот во среда.
Како прва жена премиер во Јапонија, Такаичи сака да го искористи порастот на јавната поддршка за нејзината влада откако ја презеде функцијата во октомври за дополнително да го зајакне своето парламентарно мнозинство.
Сузуки рече дека изборите ќе им овозможат на гласачите да одлучат за новата коалиција на Либерално-демократската партија со десничарската Јапонска партија за иновации (ЈИП), позната како Ишин. Минатата година, Такаичи ја прекина соработката со долгогодишниот коалициски партнер Комеита.
„Една од причините за распуштањето на парламентот е тоа што претходните избори беа одржани под владите на Либерално-демократската партија и Комеита; јавноста сè уште не го дала својот став за промената на нашиот коалициски партнер“, рече Сузуки.

