Црна хроника
Ја убил партнерката, кажал каде е телото и сам се пријавил во полиција во Штип
Вчера околу 20.15 часот во ПС Штип дошол Ф.З. (25) од Штип и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. од Штип и посочил дека телото се наоѓа во објект во Штип“, велат од МВР.
Од страна на полициски службеници телото е пронајдено.
Направен е увид на местото на настанот во присуство на дежурен јавен обвинител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Должничко-доверителски односи можен мотив за убиството во Арачиново
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Арачиново, каде во оружен инцидент едно лице е лишено од живот, а уште едно е потешко повредено.
„Се преземаат сите дејствија за расчистување на настанот. Од лице место се подигнати траги и материјални докази, обезбедени се и се прегледуваат снимки од видео надзор, на телото на починатиот ќе се врши обдукција. Првичните сознанија упатуваат на нерасчистени должничко-доверителски односи како можен мотив на сторителите, од кои едниот е лишен од слобода, а по другиот се трага“, велат од ОЈО Скопје.
Според МВР на 01.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од с.Арачиново.
Според пријавеното, во нив во село Арачиново било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило “Ауди”, известија надлежните.
Црна хроника
Маж и две малолетни девојчиња се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово – Гостивар
Три лица се повредени вчера вечерва во сообраќајната несреќа што се случи околу 20 часот и 15 минути на автопатот Тетово – Гостивар на три километри од тетовската наплатна станица за патарина.
Во сообраќајната незгода учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблици, управувано од малолетничка од тетовска Голема Речица и патничко возило „дачија“ со турски национални ознаки, управувано од М.Б.(53) од Гостивар.
– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Б. додека малолетничката возач и сопатничката во мерцедесот, исто така малолетничка од тетовски Требош, се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово, информираа од СВР Тетово.
Поради сообраќајна незгода на патниот правец Тетово – Гостивар од 20:30 часот сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента.
Топ
Два лица повредени во престрелка во Арачиново
Вечерва на Клиника со повреди од огнено оружје биле примени две лица од Арачиново.
Според МВР на 01.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од с.Арачиново.
Според пријавеното, во нив во село Арачиново било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило “Ауди”, известија надлежните.