Спорт
(Видео) Ајнтрахт го декласира Бохум, Баерн ритински со Унион Берлин
Дуелот меѓу Анјтрахт и Бохум ги обележа натпреварите од попладневната програма во Бундес лигата. Ајнтрахт го победи Бохум со 7:2.
Во првите 30 минути Ајнтрахт со четири гола ја обезбеди победата. Иго Екитике (9), Омар Мармуш (18), Ансгар Кнауф (20) и Натаниел Браун (32) .Големата предност на Ајнтрахт до полувремето ја намали Дани де Вит.
Филип Хофман намали на „минус два“ во 51. минута, но потоа следеше нов урагански налет на Ајнтрахт. Во интервал ос само осум минути по гол постигнаа Махмуд Дауд, Џан Јилмаз Узун и Екитике.
Во исто време, но со помала гол-разлика, Баерн го декласираше Унион Берлин во Минхен со 3:0 (2:0).
Хари Кејн погоди двапати, од пенал во 15. минута и по асистенција на Кингсли Коман во 51. минута, а во изменетите улоги, овој тандем се најде во 43. минута.
Англискиот центарфор сега е прв на листата на најдобри стрелци со 11 голови. На почетокот на натпреварите Кејн и Мармуш го делеа првото место на оваа ранг листа, но Египјанецот му даде „само“ гол на Бохум.
Резултати:
Хофенхајм-Сент Паули 0:2
Кил-Ханденхајм 1:0
Волфсбург-Аугсбург 1:1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Масовна тепачка во дербито на Москва
Фудбалерите на Спартак, во градското дерби на гостински терен славеа против ЦСКА со 2:0 во 14. коло од руската Премиер лига, а натпреварот го одбележа масовна тепачка меѓу фудбалерите.
Спартак поведе во последната минута од првото полувреме кога Бонгонда по асистенција на Пруцев постигна гол.
Гостите со таа предност заминаа на одмор, а потоа на почетокот на вториот дел, во 52. минута од натпреварот настана тотален хаос на теренот. Фудбалерот на ЦСКА, Вилијан Роча, ги удри дефанзивците на Спартак, Руслан Литвинов и Срѓан Бабиќ, и и му ја раскрвари усната на српскиот фудбалер.
Поради тој инцидент исклучени се Роча и Литвинов, како и неговиот соиграч Умјаров. При крајот на натпреварот фудбалерот на ЦСКА Иван Обљаков кој доби втор жолт картон.
Точка на натпреварот стави Хесус Медина во 99. минута од натпреварот.
Почему UFC до сих пор не купил права на РПЛ? pic.twitter.com/NClc3UuPhL
— СВЕТОЧ (@AnatoByshovets) November 2, 2024
Спорт
Дождот ги одложи квалификациите во Бразил – Ќе се возат утре претпалдне или ќе се земат резултатите од првиот тренинг
Квалификациите за Големата награда на Бразил не се одржаа според планираното поради временските услови, а постојат две опции за одредување на стартниот редослед за 21. трка од сезоната во Формула 1.
Почетокот на акцијата беше планиран за 15 часот по локално време (19 часот по македонско време), а по неколку одложувања, односно по еден час и 45 минути, беше решено тие да не се одржат.
Во спортскиот правилник не е јасно дефинирано како се одредува стартниот редослед во случај на целосно откажување на квалификациите.
Според последните информации, борбата за пол-позицијата ќе се одржи в недела наутро, доколку временските услови дозволат, или ќе се базира на резултатите од првиот тренинг бидејќи се работи за спринт викенд на „Интерлагос“.
Доколку квалификациите навистина се преместат во недела, тие мора да бидат завршени најмалку четири часа пред закажаниот почеток, што значи во 10 часот по локално време (14 часот по македонско време).
Доколку квалификациите се возат утре, терминот ќе биде 12.30 часот по македонско време.
Доколку и тогаш временските услови не се добри, пласманот треба да се одреди врз основа на првиот тренинг одржан во петокот.
Во тој случај пол-позицијата ќе ја има возачот на Мекларен, Ландо Норис, а до него ќе биде неговиот донародник Џорџ Расел во Мекларен.
Во вториот ред би биле Оливер Берман и Оскар Пјастри од Мекларен. Следуваат Алекс Албон (Вилијамс), Шарл Леклер (Ферари), Карлос Саинц (Ферари), Нико Хулкенберг (Хас), Фернандо Алонсо (Астон Мартин0, Пјер Гасли (Алпин).
Луис Хамилтон би стартувал од 16., Серхио Перез од 18., а лидерот во генералниот пласман Макс Ферстапен кој првиот тренинг го заврши на 15. место, но поради промената на моторот беше казнет со пет позиции би стартувал од последното 10.место.
Спорт
(Видео) Фуминенсе го отпушти Марсело поради недисциплина
Флуминенсе го раскина договорот со ветеранот Марсело. Левиот бек кариерата ја започна во Флуминенсе, а по успешната кариера во Реал Мадрид на „Маракана“ се врати во 2023 година.
Во вториот мандат со Флуминенсе, Марсело улествуваше во освојувањето на шампионатот Кариока (државен шампионат во Рио де Жанеиро) и Копа Либертадорес во истата година, како и во Рекопа Судамерикана (Суперкуп на Јужна Америка) во 2024 година.
„Флуминенсе му се заблагодарува на Марсело и ќе продолжи како и секогаш да го поддржува неговиот успех во сите предизвици“, во сентиментален тон го завршува официјалното соопштение клубот.
Сепак, на заминувањето на петкратниот освојувач на Лигата на шампионите и шесткратниот шампион на Шпанија со Реал Мадрид му претходеше инцидент.
36-годишникот се скарал со тренерот Мано Менезес, во финишот на натпреварот (2:2) со Гремио во 32. коло од Серија А.
Тренерот на Флуминенсе сакаше да ги внесе на терен Марсело и Маркињос во 90. минута за да ја зачува предноста од 2:1. Сепак, 174 сантиметри високиот дефанзивец бурно реагираше на последните инструкции на Менезес, па тренерот се откажа од планот.
Реиналдо го постигна израмнувачкиот гол од пенал во деветтата минута од судиското надополнување.
Првиот професионален мандат на Марсело во Флуминенсе траеше од 2005 до 2007 година.
Потоа следеше преселба во Реал каде играше до 2022 година, по што беше претставен како големо засилување за Олимпијакос. Не играше добро во Пиреја, а потоа се врати во клубот од Рио.
Тој беше дел од репрезентацијата од 2006 до 2018 година. Единствениот трофеј со „Селесо“ беше Купот на Конфедерации на домашен терен во 2013 година.
Улесник е на две Олимпијаси, Марсело дома донесе сребро од Лондон 2012 година и бронза од Пекинг 2008 година.
Fluminense manager Mano Menezes was ready to sub on Marcelo last night and was in the middle of giving him instructions, when Marcelo told him not to touch him.
So the manager pushed him back on the bench and didn't sub him on anymore. 🤯😂pic.twitter.com/LKqx7yJnt1
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) November 2, 2024