Македонија
Во знак на длабока жалост зградата на општина Струмица светна во боите на српското знаме

Во знак на длабока жалост, солидарност и поддршка синоќа општинската зграда ја светнавме во боите на српското знаме, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Во објавата на неговиот фејсбук профил се наведува дека Струмица и струмичани сочувствуваат со неизмерната болка и тага на семејствата на загинатите и повредените во големата трагедија во Нови Сад.
– Ваква трагедија никогаш да не се повтори. Во овие тешки мигови, нашите мисли се со семејствата на настраданите, кои загубија свои блиски и се соочуваат со незамислива загуба. Им изразувам најискрено сочувство и поддршка, надевајќи се дека ќе најдат сила за да ја пребродат оваа трагедија, напиша Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
По трагедијата во Кочани целосно се забранува употребата на пиротехниката во затворен простор

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани го менува Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Пратениците со 87 гласа „за“, без против и без воздржани, по скратена постапка ги поддржаа законските измени кои се однесуваат на забрана на пиротехниката во затворен простор.
Ваквиот предлог ќе биде проследен на разгледување во собраниската Комисија за одбрана и безбедност и во Законодавно-правната комисија.
Пратеникот Тони Јаревски образложи дека измените се со цел да нема импровизации кои во иднина би резултирале со вакви хаварии и несреќи.
Истовремено се менува и регулаативата. Глобите за оние кои ќе го прекршат законот ќе биде двојно повисока, а ако се повтори, ќе бидат притворени. Иполицијата ќе има зголемени надлежности во ваквите случаи.
Пратениците кои се собраа првпат по трагедијата во Кочани, Седницата ја почнаа со едноминутен молк.
Македонија
Поради протест, посебен режим на сообраќај утре во Скопје

СВР Скопје известува дека утре (02.04.2025) со почеток во 12.05 часот поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Трасата на движење ќе започне пред Работнички дом (зграда на ССМ) на ул. „Мирче Ацев“ кон Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ во продолжение по ул. „Димитрија Чупувски“ до седиштето на Стопанска комора, десно по бул. „Васил Главинов“ до бул. „Илинден“ пред Влада на РСМ.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Македонија
За зелена иднина на новите генерации – Вработените од Mozzart засадија 2500 садници во Кучково

Голема акција за пошумување на планината Жеден, во атарот на селото Кучково беше реализирана од лидерот во приредување игри на среќа.
Во соработка со ЈП Национални Шуми, вработените во Mozzart засадија 2500 садници од чемпрес,црн бор и јасен.
Во големата акција се вклучи и дел од администрацијата на Општина Ѓорче Петров како и Здружението Отаку.
„ Ни преставува вистинско задоволство што имавме можност да реализираме една ваква голема акција, особено што со ова допринесуваме во зелена и здрава иднина за најмладите. Со позитивна енергија и соработка, уште еднаш покажавме и докажавме дека Mozzart е тимот кој секогаш победува. Реализацијата на ваквите проекти продолжува и натаму” , изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
За донацијата на садници и вклученоста на компанијата во еко акцијата, тимот на Mozzart доби благодарница од ЈП Национални Шуми.
Кога се работи тимски и сложно, резултатите се секогаш позитивни. Со ова вработените во Mozzart уште еднаш дадоа пример како треба да изгледа еден тим кој цели на успех.
Со реализацијата на вакви и слични проекти, компанијата само ја зацврстува лидерската позиција во општествена одговорност.
ПР