Спорт
Зверев ги разочара Французите, го освои Мастерсот во Париз
Германскиот тенисер Александар Зверев ја оправда улогата на фаворит и го освои Мастерсот во Париз.
Зверев, попладнево во Париз без проблем го совлада локалниот тенисер Уго Имнер со 6:2, 6:2.
Германецот многу лесно го доби првиот сет, направи два брејка до петтиот гем, а потоа лесно ја заврши работата. На Зверев му беше уште полесно во вториот сет, кога стигна направи два брејка во првите три гема.
Ова е трета титула за Зверев, претходно освојуваше трофеи во Лондон и Торино.
Претходно, на патот до титулата, Зверев по ред ги победи Грикспор, Филс, Циципас и Руне. Ова е трета титула за Зверев, претходно освојуваше трофеи во Лондон и Торино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Загорац е петтиот најстар дебитант во историјата на Лигата на шампионите
Голманот на Динамо Загреб, Данијел Загорац стана петтиот најстар дебитант во Лигата на шампионите.
Загорац има 37 години, осум месеци и 29 дена. Тој доби шанса да ја чува мрежата наместо повредениот Иван Невистиќ, во победата на Динамо над Слован од 4:1.
Тројцата најстари играчи во историјата на елитното клупско континентално натпреварување се исто така голмани: Австралиецот Марк Шварцер (за Челзи против Стеауа Букурешт, 41 година и два месеци, декември 2013 година), Холанѓанецот Сандер Боскер (за Твенте против Тотенхем, 40 години и месец, декември 2010) и Италијанецот Паоло Орландони (за Интер против Вердер Бремен, 38 години и три месеци, декември 2010 година).
Најстар од оние кои играат во поле е соиграчот на Бојан Миовски во Џирона, Кристијан Стуани. Уругваецот во првото коло од Лигата на шампионите оваа сезона, против ПСЖ, имаше 37 години и 11 месеци.
Спорт
(Видео) Ристовски и Адеми со Динамо го растурија Слован, Миовски и Џирона декласирани во Ајндховен
Со убедливите победи на Динамо Загреб и ПСВ Ајндховен започна четвртото коло во Лигата на шампионите. Динамо, во Братислава го победи Слован со 4:1, а ПСВ славеше во дуелот со Џирона.
Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар, а Аријан Адеми играше од 63.минута во Братислава каде Динамо го победи Слован.
По дебаклот во првото коло од Баерн, Динамо одигра нерешено со Монако и славеше над Салцбург и Слован. Прв пат од далечната 1998 година Динамо забележа две победи по ред во ЛШ, а прв пат во историјата „модрите“ во ЛШ победија на два последовни натпревари.
Динамо има седум бода по четири кола и блиску е до пласман во нокаут фазата.
Во Братислава, Слован во петтата минута дојде до предност со голот на Стрелец, а потоа се беше во знакот на гостите од Загреб. Изедначи Шпикиќ во 10, а во 30.минута Сучиќ направи пресврт. Во вториот дел победата на Динамо со два гола ја запечати Куленовиќ.
What a run and goal from Dario Špikić, 1-1.pic.twitter.com/UizET48GWV
— 🇭🇷 (@TheCroatianLad) November 5, 2024
Sandro Kulenović’s goal for 4-1!!!pic.twitter.com/JJbIcUlIa2
— 🇭🇷 (@TheCroatianLad) November 5, 2024
Во Ајндховен, ПСВ издоминира протув Џирона, во чии редови Бојан Миовски играше до 67.минута.
Фламинго и Тилман во 16. и 31.минута погодина за 2:0, а откако Арнау Мартинез во 55.минута беше исклучен, завршија надежите на Џирона дека може да направи изненадување.
Во финишот Бакајоко погоди за 3:0, а лошата партија на Џирона во претпоследната минута ја запечати Крејќи со авто-гол.
Malik Tillman has given double lead!
PSV 2-0 Gironapic.twitter.com/8ybV81F4E5
— Goals Xtra (@GoalsXtra) November 5, 2024
Great dribbling and makes three: Bakayokopic.twitter.com/GAKnuC5IUL
— Goals Xtra (@GoalsXtra) November 5, 2024
Спорт
И тоа се случува – играч на Динамо го одби Реал Мадрид?!
Фудбалерот на Динамо Загреб, Мартин Батурина ја одби понудата на Реал Мадрид, пренесува германски „Скај спорт“.
За младиот офанзивен играч, интерес покажаа голем број сериозни европски клубови, а судејќи според информациите на „Скај спорт“, Батурина ја одбил понудата на Реал да потпише петгодишен договор со него.
Наводно не му се допаднала идејата што ја имале во клубот, кој е актуелен шампион на Европа и Шпанија, да го обезбедат за во иднина, а потоа да го испратат на позајмица во тим од Ла Лига.
За интересот на Реал за него се пишуваше и претходно, а шпанските медиуми објавија дека Батурина на клубот лично му бил препорачан од капитенот Лука Модриќ, кој го „избрал“ сонародникот за свој наследник.
Мартин Батурина оваа сезона настапи на 10 првенствени натпревари и постигна гол со пет асистенции, додека на три натпревари во Лигата на шампионите моментално има по еден гол и една асистенција.