Скопје
Дел од неколку скопски населби без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Козле од бр.130 до бр.170 ( општина Карпош ), како и дел од корисниците од ул.24 во населба Сопиште. ( општина Сопиште )
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците Петар Дељан и Ѓорѓи Сугаре, како и дел од корисниците лоцирани на бул. Борис Трајковски.( општина Кисела Вода )
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Франце Прешерн. ( општина Ѓорче Петров )
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Промовирано ново возило за потребите на СОСУ „Илинден“ во општина Илинден
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски присуствуваше на промоцијата на новото патничко возило на Средното општинско стручно училиште „Илинден“.
Санува збор за патничко возило (комбе), Опел Виваро за превоз на лица со капацитет до 8 лица за седење и ќе се користи за потребите на учениците и вработените на училиштето за патувања, за натпревари, екскурзии и сл. Покрај средното училиште возилото ќе се користи и за потребите на локалната самоуправа и образовните институции.
Градоначалникот Георгиевски кој го разгледа возилото заедно со директорот на училиштето Зоранчо Арсовски, истакна дека СОСУ „Илинден“ континуирано се развива и модернизира, со цел унапредување на образовниот процес, пришто учениците ги добиваат сите современи услови за квалитетна настава.
„Со набавката на ова возило се олеснува организирањето и патувањето на вработените и учениците за екскурзии, натпревари, семинари, работилници кои се одржуваат надвор од општина Илинден“, посочија од Општина Илинден.
Скопје
Општина Центар започна со есенска дератизација
Општина Центар ја започна есенсктаа дератизација на сите јавни површини и јавни објекти на територијата на цела локална самоуправа. Дератизацијата која ја спроведуваат општински служби има за цел да ги уништи штетните глодари, инсекти и да превенира од можна појава на заразни болести. Ова е една од општите мерки кои општината ги презема за заштита на населението од заразни болести во согласност со Програмата за активностите на Општина Центар во областа на здравствената заштита за 2024 година.
Со дератизацијата ќе бидат опфатени сите шахти на територија на целата општина и акцијата ќе се спроведува во текот на целиот месец. Денеска дератизација се прави во населбите Буњаковец и Маџир Маало.
Дератизација во Општина Центар се врши два пати годишно во пролетниот и есенскиот период. Општина Центар ги известува граѓаните дека при процесот на дератизација се користи препарат од сертифициран производител и кој ја третира популацијата на глодарите. Истиот е издаден со одобрение од Министерство за здравство на Република Северна Македонија, се користи за употреба во јавната хигиена и не претставува опасност за останатиот животински свет.
Скопје
Заменети сите оштететни корпи за отпад во Сарај
Јавното претпријатие Комунална Хигиена ги замени сите оштетени корпи наменети за одлагање ситни отпадоци во скопската општина Сарај.
-Активностите се реализираа на десетина локации во централниот дел на општината, каде што на местото на оштетените корпи се поставени сосема нови садови – соопштија од претпријатието.
Оттаму додаваат дека и во претстојниот период ќе продолжат со етапно менување на сите оштетени корпи за одлагање ситни отпадоци поставени на подрачјето на градот Скопје.