Македонија
Меџити: Приоритетни инвестиции за безбедност и управување со отпад во депонијата „Дрисла“
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и в.д. директорот на Јавното претпријатие „Дрисла“, Ненад Јосевски, ја посети депонијата „Дрисла“. При оваа посета се разговараше за важноста на инвестициите во депонијата со цел таа да биде целосно функционална и да нуди побезбедни и поефикасни услуги.
Министерот Меџити ја нагласи потребата од заградување на депонијата, пред сè, од безбедносни причини, а со тоа ќе се овозможи заштита на животната средина и јавното здравје. Тој нагласи дека потребните инвестиции ќе помогнат да се подобрат условите за работа и ќе се придонесе за подобро управување со отпадот во регионот.
Оваа посета ја истакна посветеноста на Владата за подобрување на управувањето со отпадот и обезбедување почиста и поздрава животна средина за граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во време кога рејтингот на Филипче е 5 %, тој со Заев се забавува на скапи журки во Дубаи со влезници од стотици евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Венко Филипче е должен да даде одговори на јавноста за видеото кое руши рекорди на социјалните мрежи од приватна журка со Заев од луксузниот хотел Хилтон во Дубаи. Откако СДС, Заев и Филипче направија историски грабеж на државата и аздисано ги трошеа државните пари, излезе видео на кое се гледа како лудуваат и се забавуваат на приватни журки во луксузниот Дубаи каде влезниците на настанот се и по стотици евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Во време кога Македонија се соочува со сериозни економски и социјални предизвици поради владеењето на СДС во изминатите 7 години, а народот мака мачи како да преживее до 1-ви во месецот, Заев и Филипче покажуваат раскалаштено однесување и воопшто не се загрижени за народот и состојбите во државата. Во време кога рејтингот на Филипче е 5 % и тоне кон ниво на статистичка грешка, кога дури ни во сопствената СДС не знаат кој им е лидер, Филипче се забавува на скапи журки во странство и испраќа погрешна порака и слика во јавноста за приоритетите и вредностите кои треба да ги поседува лидер на партија. Јавноста треба да знае дека на СДС и Филипче воопшто не им е грижа за народот и животниот стандард на граѓаните, додека се обидуваат да ја замајуваат јавноста со безсмислени прес конференции, обвинуваат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ порачува дека нема јака опозиција со вакви репрезенти.
-Додека бившиот и сегашниот лидер на СДС организираат забави во странство, ВМРО-ДПМНЕ само за 4 месеци донесе неколку нови странски инвестиции во износ од повеќе од 600 милиони евра и нови 1600 вработувања. ВМРО-ДПМНЕ ги поставува темелите за нова економска реалност. ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови странски инвестиции, нови работни места, повисоки плати и пензии и подобар животен стандард за граѓаните, велат од владејачката партија.
Македонија
Се пренасочува сообраќајот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце
Поради технички проблеми на терминалот од косовска страна, сообраќајот на магистрален пат Скопје – ГП Блаце (БП Дизел) се пренасочува, информираше АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
До 2.000 денари заштеда за граѓаните со нашиот предлог за укинување на ДДВ за основните производи, соопшти СДСМ
„Усвојување на предлог Законот на СДСМ за укинување на ДДВ на основните производи на храна значи месечна заштеда за граѓаните и до 2.000 денари. Со предлог Законското решение на СДСМ се опфатени над 250 категории на производи за кои ДДВ то ќе се намали од 5% на нула проценти“, велат од СДСМ.
„Бидејќи учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари, ефектите од оваа мерка со заштеда и до 2.000 денари значително ќе влијае на заштита на стандардот на граѓаните и состојбата на семејните буџети.
СДСМ ја разви оваа мерка во консултации со експерти и бизнис секторот и бенефитите ќе бидат за граѓаните а нема да ги оптоваруваат компаниите.
За спроведувањето на предлог-законот не е потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата на Христијан Мицкоски.
После еден месец примена владината мерка за замрзнување на маржите не донесе никаков ефект. Потрошувачката кошничка се намали само за 57 денари додека просечната плата се намали за 1.000 денари.
СДСМ ги повикува сите пратеници да го поддржат законот. ВМРО-ДПМНЕ да не води политички инает врз грбот на граѓаните и наместо постојано да одбива добри законски решенија предложени од опозицијата да се одважи и да ги поддржи“, соопшти СДСМ.