Свет
53 сателити успешно лансирани од космодромот „Восточни“ на рускиот Далечен Исток
Педесет и три сателити од Русија и од странско производство беа успешно лансирани рано утринава од космодромот „Восточни“ во областа Амур на рускиот Далечен Исток, соопшти руската вселенска агенција „Роскосмос“.
Во соопштението се наведува дека ова е рекорд и дека во орбитата успешно се лансирани 49 руски, еден руско-кинески, еден руско-зимбабвиски и два ирански сателита, пренесе ТАСС.
Амбасадорот на Иран во Москва, Казем Џалали, во понеделникот објави дека Русија денеска ќе лансира два ирански сателита во орбитата со помош на ракета „Сојуз“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Дмитриј Песков: Русија ги осудува претседателските избори во Молдавија како нефер
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ги осудува претседателските избори во Молдавија како нефер бидејќи стотици илјади Молдавци што живеат во Русија немаат право на глас, а на молдавските граѓани што живеат на Запад им било дозволено да гласаат.
„Тоа не може да не влијае на изборните резултати, кои во исто време не може да се сметаат за фер“, изјави Песков наведувајќи дека изборната кампања во Молдавија не може да се нарече демократска и фер, пренесе „Интерфакс“.
Песков истакна дека мнозинството Молдавци не гласале за Маја Санда, која беше реизбрана на претседателските избори во неделата, велејќи дека тоа го поткопува нејзиниот легитимитет.
Свет
Лавров: Почнати се процедурите за именување нов руски амбасадор во Америка
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров најави дека се почнати неопходните процедури за назначување нов руски амбасадор во Америка.
„И покрај длабоката криза во односите, Вашингтон сè уште не е подготвен да ги прекине. Доколку продолжи овој пристап, новиот руски амбасадор во САД ќе биде навремено назначен, неопходно е да се спроведат внатрешни процедури“, изјави Лавров, пренесува „РИА новости“.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно го разреши Анатолиј Антонов од функцијата руски амбасадор во Соединетите Американски Држави.
Антонов е на чело на руската дипломатска мисија во САД од 2017 година, пренесува „Танјуг“.
Свет
Во Германија уапсени осум члена на десничарска милитантна група: планирале бунт
Германската полиција уапси осум члена на десничарска милитантна група осомничени дека планирале бунт против германската држава, соопштија денеска државните обвинители.
Во соопштението се наведува дека осомничените се дел од организацијата наречена „Саксонски сепаратисти“, која е формирана најдоцна до ноември 2020 година и дека четворицата уапсени се основачи на таа група.
Се додава дека станува збор за милитантна група од 15 до 20 члена, со, како што се наведува, расистичка и антисемитска идеологија, пренесе „Ројтерс“.
Обвинителите тврдат дека групата планирала да употреби сила за да воспостави нов систем во источна Германија инспириран од нацизмот.
„Доколку е потребно, преку етничко чистење треба да се отстранат несаканите групи луѓе од тој простор“, се наведува во соопштението.
Се посочува дека седум члена на групата се уапсени во и во близина на Лајпциг, Дрезден и Мајсен, а еден е приведен во Герлик во германската сојузна покраина Саксонија.