Црна хроника
Му барал 1.000 евра за да не биде убиен синот во затворот: кривична за тетовец
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.К.(35) од с.Челопек, тетовско.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „изнуда“.
Имено на 20.04.2024, пријавениот телефонски го контактирал К.С.(72) и побарал 1.000 евра за да не биде убиен неговиот син кој е на издржување затворска казна во казнено – поправна установа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Еден загинат и тројца повредени: тешка сообраќајка кај Росоман
Денеска во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 08.45 часот на регионален пат Кавадарци – Неготино, во близина на село Рибарци, општина Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 18-годишната В.З. од Градско и товарно возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(46) од Велес.
Од здобиените повреди на местото починал М.П.(40) од Велес, сопатник во товарното возило, а смрт констатирал лекар од Здравствен дом Кавадарци.
Со тешки телесни повреди се здобиле возачот на товарното возило и 18-годишната А.Н., сопатник во патничкото возило, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во болницата во Кавадарци.
Увид на местото извршиле јавен обвинител во содејство и увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Давале пари на заем па барале камата: кривична за две лица од Гостиварско за лихварство
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.М.(69) и Ф.М.(52), двајцата од с.Падалиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.
Во периодот од 2012 до 2024, пријавените во повеќе наврати на две лица им давале пари на заем, за што подоцна им побарувале несразмерна камата, а им упатувале и закани доколку не им биде дадена бараната сума.
Црна хроника
27-годишен тетовец починал од повреди здобиени при извршување на градежни работи
На 02.11.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.30 часот, при извршување градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар, со тешки телесни повреди се здобил Л.Ш.(27) од с.Ѓермо, тетовско.
Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде околу 18.30 часот починал.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, известен бил трудов инспектор, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.