Спорт
Менди на суд добил дел од бараните пари од Манчестер сити
Откако во вторникот загуби од Спортинг во Лисабон со 1:4 (0:2), Манчестер сити ден подоцна загуби на суд, овојпат од поранешниот лев бек на „граѓаните“ Бенџамин Менди.
Познато е дека против 30-годишниот Французин се водеше долготрајна кривична постапка по обвинение за силување, од која на крајот беше ослободен.
Поранешниот француски репрезентативец, дел од ростерот кој го освои Светското првенство во Русија во 2018 година, одлучи да покрене постапка против Сити, барајќи неисплатени плати со камата, откако англискиот шампион го тргна од списокот за плати.
Менди процени дека Сити му должи 11,5 милиони фунти неисплатени плати меѓу септември 2021 и јуни 2023 година.
Стопанскиот суд во Манчестер имаше јурисдикција над случајот, а судијата Џоан Данлоп пресуди дека Менди „ќе има право на дел, но не на целата сума“.
Менди пред судот се пожали дека Сити му ускратил плата иако бил со некои од неговите соиграчи на спортски забави, но исто така додаде дека Рахим Стерлинг, Бернардо Силва и Ријад Марез му праќале пари за да може да ги плати судските трошоци и да му помогне на семејството.
Претходно, Менди мораше да ја продаде вилата во Чершир за да ги покрие трошоците за судскиот спор, сметките и издршката за децата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Проблем за Јунајтед, Доргу ќе пропушти осум натпревари
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Патрик Доргу (21), ќе биде надвор од терените околу десет недели поради повреда на тетивата, објави новинарката Лори Витвел.
Данскиот репрезентативец се повреди во победата од 3:2 против Арсенал во неделата. Во тој натпревар, тој постигна и спектакуларен гол во второто полувреме.
Иако на почетокот се чинеше дека станува збор само за грч, тестовите ја потврдија повреда.
21-годишникот е во одлична форма во последните недели, постигна пет гола во последните седум првенствени натпревари на Јунајтед.
Доргу беше во почетниот состав и постигна гол во првите два натпревари под привремениот тренер Мајкл Карик, каде што играше на левото крило во системот 4-2-3-1.
Данецот веројатно ќе пропушти осум од преостанатите 15 натпревари во Премиер лигата и се очекува да биде подготвен за полуфиналниот бараж, за пласман на Светското првенство, на 26 март против Македонија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Јилдиз за поголема плата ќе остане во Јувентус
Јувентус наскоро ќе го продолжи договорот со Кенан Јилдиз. 20-годишниот Турчин е означен како централна фигура на новиот проект на клубот.
Јилдеиз во 2022 година притигна во Јувентус. Италијанскиот клуб успеа да го донесе без обесштетување од Баерн.
Тој, последните 12 месеци, беше мета на многу европски гиганти, со оглед на тоа што игра во Јувентус за 1.500.000 евра по сезона. Сепак прво реши да преговара со клубот и дете страни експресно постигнаа договор.
Според „Тутоспорт“, според новиот договор, Јилдиз ќе заработува 6.000.000 евра по сезона.
Јилдиз, заедно со Дејвид е ја има најголемата плата, пред него ќе биде само Душан Влаховиќ, кој заработува 12.000.000 евра годишно, но тој ќе го напушти клубот на крајот од оваа сезона.
Јилдиз оваа сезона одигра 29 натпревари во сите натпреварувања за Јувентус, постигна девет гола и забележа осум асистенции.
Foto/ depositphotos
Спорт
Алкараз преку Де Минор до првото полуфинале на АО во кариерата
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз стигна до првото полуфинале на Австралија Опен во кариерата.
Карлос Алкараз го победи Алекс де Минор со 3-0 во сетови (7:5, 6:2, 6:1).
Шпанецот дојде до шестата победа во исто толку дуели со Астралијанецот, а на патот до полуфиналето не загуби ниту еден сет.
Интересно е што ова е само прв пат шесткратниот шампион на Гренд слем да стигне до полуфиналето на АО, откако беше елиминиран во четвртфиналето минатата сезона и прексиноќа.
Алкараз само во првиот сет имаше проблем со Де Минор. Откако со брејк дојде до 3:0, му дозволи на противникот да се врати, сервираше за сет во деветтиот гем, но домашните тенсер уште еднаш се врати во мечот. Подоцна цо 12-от гем, Алкараз ја искористи втората сет топка.
Вториот и третиот сет, Шпанецот рутински ги реши.
Алкараз во полуфиналето ќе игра против Александар Зверев, кој исто така во три сета славеше ротив Лернер Тиен.
Fot/ depositphotos

