Спорт
Модриќ: Реал не е во криза
Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ изјави дека неговиот тим не е во криза и покрај последните лоши резултати во шпанската Примера и Лигата на шампионите.
„Ова не е криза. Тоа не е збор што сакам да го користам. Овде сум 12 години и не е прв пат да гледам ваква ситуација“, изјави Модриќ.
Фудбалерите на Реал Мадрид во вторникот вечерта беа поразени на домашен терен од Милан (1:3), додека претходно беа поразени на домашен терен во шпанското првенство од Барселона (0:4).
Лука Модриќ додаде дека е тешко да се оцени играта на Реал против Милан.
„Имаше моменти кога игравме добро, но ова не беше нашиот најдобар настап. Генерално игравме лошо, а Милан беше подобар“, изјави 39-годишниот капитен на Реал Мадрид.
Во вторникот Модриќ играше до 63. минута, а ова беше негов 550. настап за „кралскиот клуб“.
„Нашиот квалитет не е присутен во моментов. Треба да работиме повеќе како тим, само така работите ќе станат полесни. Сигурен сум дека ќе се издигнеме”, заклучи Модриќ.
Реал Мадрид по четири одиграни натпревари има шест бода во Лигата на шампионите, а следниот меч го игра на гостувањето кај Ливерпул на 27 ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал остана без играч платен 80 милиони евра за еден месец
Европскиот фудбалски шампион Реал Мадрид најмалку еден месец нема да може да смета на францускиот репрезентативен играч Орелиан Чуамени (24) поради повредата на левиот зглоб што ја заработи при поразот од Милан со 1:3 во Лигата на шампионите, пишуваат локалните медиуми.
Кралскиот клуб ја потврди повредата, но не прецизираше колку долго би можело да трае опоравувањето.
„По извршените прегледи денеска, на нашиот играч Орелиан Чуамени му е констатирано истегнување на левиот зглоб. Неговото закрепнување ќе го следи лекарската служба“, соопштија од Реал.
Наместо Чуамени, на полувремето во игра влезе уште еден Французин, Едуардо Камавинга.
Пред две години Реал го донесе Чуамени за 80 милиони евра. Оттогаш, тој одигра 103 натпревари за мадридскиот клуб, постигнувајќи три гола и асистенција на пет од нив. Тој освои седум трофеи и неговиот договор е до 2028 година.
Спорт
Аморим ќе го испрати Зиркзе во Јувентус во замена за Влаховиќ
Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, во зимскиот преоден рок има намера да донесе нов напаѓач. Наводно не му се допаѓал Џошуа Зиркзе, засилувањето на Јунајтед од Болоња.
На „Олд Трафорд“ не се задоволни од холандскиот напаѓач, постигна гол на дебито, против Фулам во првото коло, а во наредните 13 натпревари остана без конкретен учинок.
Италијанскиот новинар Масимо Орландо тврди дека Зиркзе во јануари ќе замине во Јувентус каде повторно ќе работи со својот тренер од Болоња, Тиаго Мота, а на „Олд Трафорд“ би се преселил Душан Влаховиќ.
„Мота не е задоволен од Влаховиќ иако постигнува голови. Очекуваме размена во јануари. Зиркзе треба да оди во Јувентус, а Влаховиќ од јануари ќе стане играч на Манчестер јунајтед“, тврди Орландо.
Спорт
Мотли е слободен играч, го раскина договорот со Хапоел
Џонатан Мотли го раскина договорот и повеќе не е играч на Хапоел Тел Авив.
Оваа вест ја објави „Баскетњуз“, кој напиша дека 29-годишниот Американец сега е слободен агент.
За Мотили се интересираат евролигашките клубови, а во преден план е Црвена звезда, иако црвено-белите демантираат каков било контакт со одличниот центар.
Мотли имаше просек од 17,5 поени, шест скока и 2,8 асистенции со рејтинг од 21,3 во Еврокупот оваа сезона.
Пред да дојде во Хапоел, Американецот мина две сезони во турски Фенербахче, а претходно играше за Локомотив Кубањ.