Црна хроника
Крадец украл чанта со пари и лични документи во тобако во Струмица, бил фатен на дело

Ноќеска во 23.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ѓ.А.(41) од Струмица веднаш по извршување кражба во тобако во Струмица, од каде што одзел чанта со пари и лични документи.
Кај него била пронајдена чантата и била вратена на оштетената.
По извршени проверки било утврдено дека лицето било барано по потерница за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, по што било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полицијата во акција: сеф со пари исчезна во центарот на Скопје

Во Скопје, во временскиот период од 00:30 до 07:45 часот, било насилно влезено во угостителски објект на улицата Самоилова, при што бил одземен метален сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Заталкан куршум погоди „мерцедес“ во Чаир, возилото е оштетено

Четириесет и шестгодишен маж пријави дека на неговиот „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки му била оштетена хаубата од заталкано зрно од огнено оружје.
Според информацијата од МВР, настанот се случил во скопската населба Чаир.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена нападната од сопругот во Аеродром

Во Скопје, 40-годишна жена пријави дека околу полноќ била физички нападната од својот сопруг, со кого е во бракоразводна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.