Топ
Загина 59-годишен маж од Прилеп: со возилото излетал од патот
Вчера во 11.28 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево, кај место викано „Бегова ливада“, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(59) од Прилеп излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Две деца нападнати во основни училишта – едното од соученик на час, а другото од 42-годишник во двор
Две деца претрпеле физичко насилство во основни училишта во Скопје и Тетово, од кои едното за време на час од соученик, а другото од 42-годишник во училиштниот двор.
Првиот случај на насилство, за кое информираа од полицијата, се одвивало вчера за време на час во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, кога дете било физички нападнато од друг ученик.
За настанот бил запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, соопшти полицијата.
Во вториот случај, тетовската полиција поднесе кривична пријава против А.С.(42) од Боговиње, тетовско, кој во јуни во двор на основно училиште во селото, физички нападнал малолетник.
Македонија
Неисправни вагони и локомотиви имало во опожарениот хангар на „Македонски железници“, велат од МВР
Нема повредени во пожарот кој доцна синоќа во 1 часот и 45 минути по полноќ избувна во хангарот на „Македонски железници“ на булеварот Трета македонска бригада, објави МВР.
Од тука велат дека во хангарот имало неисправни вагони и локомотиви.
По два часа, пожарот бил локализиран од екипа на Бригата за противпожарна заштита Скопје.
Утрово во 9 часот во полицијата било пријавено дека пожарот повторно се активирал, а во текот на денот бил изгаснат.
Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.
Македонија
Вработени издавале државјанства на лица што не се во Македонија и од нив добивале пари, МВР поднесе кривични пријави
Велешката полиција до Обвинителството поднесе кривична пријава против А. Б. (33) и 30-годишната А. С., двајцата од село Мелница, општина Чашка, поради злоупотреба на службената положба и овластувањето.
„А. Б., вработен во Управата за водење на матичните книги, издавал изводи и поднесувал барања за изводи за лица што не се присутни во државата, односно за лица државјани на Република Турција, што е спротивно на Законот за водење на матичните книги. Тој во период од три години посредувал при поднесување на документација за лица што сакале да стекнат македонско државјанство и од секое лице стекнувал противправна имотна корист од 400 до 800 евра. На тој начин бил оштетен државниот буџет“, објави МВР.
А. С., вработена како советник за државјанства во Министерството за внатрешни работи, примала документи – барања за прием во државјанство за лица што бараат државјанство по потекло, без да бидат присутни и лично да го поднесат барањето, што е спротивно на Законот за државјанството. Таа ја примала целата документација, која претходно била доставувана кај првопријавениот и кој ја доставувал кај неа.