Контакт

Здравје

Интезивна нега на кожата по одморите

Објавено пред

По летните одмори, кога кожата постојано била изложена на надворешни влијанија како сончевите зраци и солта од морето и делува дехидрирано, исушено и груб, од особена важност е и негата на кожата по сончање.

dobivaj vesti na viber

По сончање неопходно е да се истушира со млака вода, за да ги отстранат сите остатоци од солената или хлорирана вода, како и кремите за сончање кои биле користени, препорачуваат стручњаците од Дерматолошко естетската Ординација Д-р Анчевски. Потоа идеално е да се нанесе на кожата препарати за смирување и освежување кои помагаат во обнова на кожните клетки и ја спречуваат дехидратацијата, и го подобруваат нејзиниот квалитет. За лицето и телото е неопходно да се користат креми кои содржат висока концентрација на Витамин Е, кој го спречува предвременото стареење на кожата. Доколку кожата е чувствителна, сиве овие препарати најдобро е да бидат без емулгатори, за да не дојде до иритација на кожата.

За да се вратат еластичноста и сјајот на кожата, потребно е веднаш по одморите е да се направат интензивни третмани за длабока хидратација – мезотерапија и микродермоабразија (кристален пилинг) за чистење на мртвиот слој на клетки од кожата. На овој начин ќе се амортизираат штетните ефекти на јаките ултравиолетови зраци, кои ги забрзуваат процесите на стареење на нашата кожата.

Првиот чекор што го препорачуваат лекарите е ткн „Кристален пилинг“. Со микродермоабразија или уште наречен кристален пилинг се отстрануваат оштетените горни слоеви на кожата, најповршинскиот дел од кожата – епидермисот, дел кој континуирано се обновува, се одлупува и отпаѓа, со цел да се постигне здрава и ревитализирана обновена кожа.

Микродермоабразијата е неинвазивна техника на пилинг со симнување на површинските слоеви на кожата со помош на кристали од алуминиум хидроксид. Принцип на работа на апаратот е вакум систем со кристали кои одат до кожата, вршат ексфолијација на површинските слоеви и потоа со вакум системот се отстранува мртвиот површен и нечист слој, со што се постигнува отворање на порите, подобрување на циркулацијата, регенерација и поттикнување на природните функции на кожата и клеточно обновување. Кожата станува мазна и сјајна, со потполно ревитализирање и обновување на колагенот и еластинот. Се постигнува измазнување и подобрување на целокупната структура на кожата.

Вториор чекор е „Мезотерапија“, која е нехируршка метода каде што со инјектирање се внесуваат мултивитамини како што се Витамин А, Витамин Б, Витамин Е, хијалуронска киселина, есенцијални амино киселини…

Целта на мезотерапијата е да се зголеми активноста на фибробластите за да се создаде поголема концентрација на колаген и еластин како и потполна ресорпција на активни супстанции кои помагаат полесно да се регенерира и обнови кожата. По серија на третмани со мезотерапија, кожата на лицето се измазнува, затегнува и ревитализира. Станува блескава и добива длабока хидрираност. Мезотерапија може да се аплицира на лицето, деколтето, вратот, рацете и телото.

Најдобар резултат се постигнува со хиалуронска киселина каде што 1 молекула од хиалуронската киселина се врзува со 1.000 молекули на вода. Со овој третман инстантно ќе ја вратите свежината и сјајот на лицето, кожата ќе изгледа здраво и ревитализирано, а со тоа ќе го спречите предвременото стареење и дехидрирање на кожата.

„Епидермисот е нежен, и потребна му е дополнителната нега и посебно внимание за да биде заштитен. За среќа денес има голем напредок во одржувањето на кожата кој вклучува употреба на современи апарати и третмани за одржување на кожата во лето и потоа, со што, со сигурност ќе ја заштитиме од предвремено стареење и дехидрирање“, советува Д-р Анета Кокалеска Петрушевска, специјалист дерматолог од „Ординација Д-р Анчевски“.

Препаратите кои се користат за нега на кожата, препопрачува д-р Кокалеска Петрушевска, треба да бидат избрани од палетата на некоја медицинска козметика или органска козметика, кои и покрај тоа што ќе ја храни и смири кожата, не предизвикува иритација поради проверениот и природен состав на избраните состојки./крај/мф/би

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Објавено пред

Колку долго можете да држите планк по 45-годишна возраст? Оваа едноставна вежба открива дали сте посилни и во подобра форма од вашите врсници.

dobivaj vesti na viber

По 45-годишна возраст, вашето тело почнува да испраќа суптилни пораки: вашите мускули повеќе не се толку брзи, а рамнотежата и стабилноста стануваат сè поважни.

Затоа експертите предлагаат едноставна вежба која на прв поглед изгледа банална, но всушност открива повеќе за вашата физичка подготвеност отколку бројот на вагата или километрите поминати на лентата за трчање. Тоа е планкот, статична вежба која го ангажира целото тело и покажува колку сте навистина силни.

Правилниот планк изгледа вака: потпрете се на подлактиците, лактите треба да бидат директно под рамената, нозете испружени и цврсто потпрени на прстите. Вашето тело треба да формира права линија од главата до петиците, без да ги спуштате колковите или да ги кревате задникот.

Клучот е да ги активирате стомачните мускули, да ги затегнете задникот и да ги држите рамената стабилни. Не станува збор за тоа кој може да издржи најдолго, туку за тоа да ја направите секоја секунда како што треба.

Колку време е доволно? Ако можете да издржите една минута, експертите се согласуваат дека покажувате солидна сила на јадрото. Минута и пол или повеќе е знак дека сте во подобра форма од повеќето ваши врсници, а две минути или повеќе се сметаат за одлични.

Ако минутата ви изгледа недостижна, не грижете се – со редовна вежба, три до четири пати неделно, и додавање на неколку секунди секој пат, напредокот ќе дојде побрзо отколку што мислите.

Вредноста на планкот лежи во неговата едноставност. Додека ја држите позата, истовремено ги зајакнувате стомачните мускули, грбот, рамената, нозете и задникот.

Го подобрува држењето на телото, го намалува ризикот од болки во долниот дел од грбот и го олеснува извршувањето на секојдневните движења, од одење до собирање торби за намирници. А најдобриот дел е што не ви е потребна никаква опрема за да го направите овој тренинг, само под и малку упорност.

Прикажи повеќе...

Забава

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време?

Објавено пред

Научниците велат дека тоа не е тривијален феномен, туку феномен што има вистински ефекти врз вашето здравје и изглед. Како функционира?

dobivaj vesti na viber

Ако случајно ја користите фразата „бјути слип“ понекогаш, можеби ќе сакате да застанете и да размислите зошто се користи како релевантен термин во светот на убавината и благосостојбата со децении.

Невролозите кои го проучуваат спиењето велат дека треба да почнеме сериозно да го сфаќаме „сонот за убавина“. Квалитетот на спиењето влијае на обновувањето на кожата, а со тоа и на нејзиниот младешки изглед. Плус, може да има влијание врз тоа како другите нè гледаат. Значи, целата поента е дека додека спиеме, нашето тело се обновува и ја „поправа“ штетата што му е нанесена во текот на денот.

За почеток, за време на спиењето, се зголемува производството на колаген, што е клучно за здрава и цврста кожа. Во исто време, се намалува кортизолот, хормонот на стрес, а оваа комбинација помага во намалување на воспалението, заздравување на раните и „заклучување“ на влагата во кожата. Сето ова ѝ дава на вашата кожа поголема шанса да изгледа онака како што сакате.

Различните фази на спиење исто така имаат различни ефекти врз телото. За време на REM спиењето, се јавува обнова на клетките, а полесните периоди на спиење помагаат во хидратацијата и зајакнувањето на бариерата на кожата.

Од друга страна, кои се знаците на премалку или слабоквалитетен сон? Кожата е бледа, дехидрирана и воспалена, а брчките се нагласени. Да не ги спомнуваме темните кругови под очите. Недоволниот сон на тој начин влијае на побрзо биолошко стареење, а разликата е видлива побрзо отколку што мислите.

Студиите покажаа дека луѓето кои спиеле лошо само неколку ноќи, се оценети од другите како помалку привлечни, уморни и посклони кон болести. Учесниците во студијата исто така беа помалку заинтересирани да им се приближат и подобро да ги запознаат. Недостатокот на (квалитетен) сон, исто така, влијае на тоа како оние кои лошо спијат се гледаат себеси. Имено, тие честопати не се задоволни од својот изглед и имаат помала самодоверба, што може да доведе до различни предизвици во секојдневниот живот.

Денес, во еден зафатен свет, „сонот за убавина“ е порелевантен од кога било. Исто така, се вклопува во актуелниот тренд наречен sleepmaxxing. Да потсетиме, ова е тактика за велнес која се фокусира на практикување активности што треба да доведат до подобар квалитет на спиење. Само неколку од нив се избегнување на консумирање кофеин, редовно вежбање, воспоставување рутина за спиење и избор на темна и ладна средина.

Без оглед на сите придобивки од ваквите практики, потребно е да се внимава сонот да не стане само уште една ставка на списокот на задачи за „грижа за себе“. Опсесивното следење на секоја минута спиење или фокусирањето на сложени рутини за спиење може да предизвика вознемиреност и да има спротивен ефект, а сето ова резултира со влошување на квалитетот на спиењето.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Пет навики што секоја жена по 40. година мора да ги има

Објавено пред

Четириесеттите години се време на промени. Женското тело почнува да испраќа сигнали, хормоните се менуваат и тоа влијае на сонот, расположението, метаболизмот и нивото на енергија.

dobivaj vesti na viber

Не грижете се, бидејќи нема потреба од паника. Овие промени не се знак дека нешто „не е во ред“. Напротив, тоа е покана да воведете паметни, едноставни навики во вашиот живот кои можат да направат огромна разлика.

Постојат пет основни стратегии кои ќе ви помогнат да ги одржите вашите хормони во рамнотежа и да бидете витални и расположени.

1. Зголемете го внесот на протеини, особено наутро
Протеините се мали херои, стабилизирајќи го нивото на шеќер во крвта, зачувувајќи ја мускулната маса и подобрувајќи го расположението. Идеално, треба да консумирате 30-40 грама протеини во првиот час од будењето, без разлика дали преку јајца, грчки јогурт, овесна каша со протеини или смути.

Резултатот? Помалку нервоза, подобра контрола на кортизолот и чувство на ситост што трае до ручек.

2. Фокусирајте се на тренинг за сила 2–4 пати неделно
Мускулите не се тука само за да изгледате одлично во облеката, тие се вистински сојузник за хормоните.

Тренинг со тегови:

– ја подобрува чувствителноста на инсулин,

– ги балансира нивоата на естроген,

– го поддржува метаболизмот додека прогестеронот се намалува.

Кардио е одлично, но мускулите се всушност „лек“ за хормони, затоа не го прескокнувајте!

3. Третирајте го спиењето како ваш „дневен додаток“
Прогестеронот, хормон кој помага во длабокиот сон, природно се намалува по 40-тата година. Резултатот? Неоспорни предизвици за спиење, зголемен кортизол, желба за храна и воспаление во телото. Затоа, заштитете ги вашите 7-9 часа сон како да е терапија – затоа што е!

4. Бидете внимателни со екстремниот пост
Интензивниот пост може да го зголеми кортизолот и да го намали прогестеронот, особено ако не јадете доволно. Подобро е да постите лесно 12-часовно навечер и да се фокусирате на хранливи, нутритивни оброци, наместо на строги ограничувања.

5. Не избегнувајте здрави масти
Холестеролот е основен градежен блок на хормоните, па затоа диетите што се премногу ниски во масти можат да го нарушат балансот. Додадете авокадо, маслиново масло, јајца, масна риба, јаткасти плодови и семки во вашата исхрана. Вашите хормони ќе ви бидат благодарни, а вашата енергија и расположение ќе бидат стабилни.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Кузеска: Владата на Мицкоски склучила договор за надзор со ИРД Инженеринг, истата фирма за која велеа дека е епски криминал

Со фирмата ИРД Инженеринг, за која велеа дека е епски криминал и сомнителна, владата на Христијан Мицкоски склучила Договор за...

Свет3 часа

(Видео) Десетици повредени по руски напад врз железничка станица во Украина

Руските сили ја нападнаа железничката станица во Сумската област на северот од Украина, а во нападот беше погоден и патнички...

Македонија4 часа

Мицкоски: СДСМ настапува со слоганот „се бориме за нашиот дом“, а заборавија дека до пред година дена управуваа со домот кому му ги уништија темелите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Битола во рамки на кампањата за локалните избори на 19 октомври која...

Македонија5 часа

(Видео) Петрушевски: СДС не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше

СДС не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која...

Македонија5 часа

(Видео) Николовски: 90% лаги на Орце, од 30 каптални ветувања нема остварено ниту едно

Кандидатот за советник во Град Скопје од СДСМ, Емил Николовски, денеска на прес-конференција го критикуваше кандидатот за градоначалник на Град...

Свет5 часа

(Видео) Бурата Ејми предизвика бројни проблеми: илјадници без струја, откажани летови, затворени железнички линии

Сите осум кралски паркови во Лондон, вклучувајќи ги Хајд Парк и Ричмонд Парк, денеска се затворени поради силни ветрови предизвикани...

Регион6 часа

Трагедија во Хрватска: маж почина од убоди на стршлени додека сечел дрва за огрев

Додека сечел дрва во шума, 54-годишен маж бил нападнат од стршлени. И покрај брзата лекарска интервенција, починал на самото место....

Свет8 часа

Трамп му нареди на Израел „веднаш“ да престане со бомбардирањето на Газа, откако Хамас се согласи да ослободи заложници

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му нареди на Израел „веднаш“ да престане со бомбардирањето на Газа, откако Хамас делумно го прифати...

Македонија22 часа

Мицкоски: Да не дозволиме СДСМ да биде влада во Македонија, зошто секогаш кога се власт се случуваат грешки како прифаќањето на бугарскиот ултиматум

На денешниот народен митинг во Новаци во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!...

Топ1 ден

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Едниот напаѓач ја давел сопругата до бессознание, другиот ја тепал со боксови

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за семејно насилство. Едниот случај е во Ѓорче Петров, каде осомничениот...

Македонија1 ден

Чекањето автобуси што не доаѓаат во Бутел Шукова ќе го решава со БРТ: Овој систем ќе ја намали социјалната и економска отсеченост на бутелчани  

 „Бутел не е далеку од центарот, но е далеку од основните услови за достоен градски живот“, порача денес кандидатката за...

Топ1 ден

Наставник физички нападна ученик во основно училиште во Кисела Вода

Наставник физички нападнал ученик во основно училиште во Кисела Вода. Според информациите на МВР, вчера во 13:10 часот во СВР Скопје,...

Македонија1 ден

До 15 октомври сите дефекти на мрежата за централно греење ќе бидат остранети, објави Владата

По серија на ладни и топли проби на топлификацискиот систем настанаа нови пукнатини на два секундарни водови, по што одредени...

Македонија1 ден

Обвинителниот акт за пожарот во Кочани – одобрен во целост

Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје во целост го одобри обвинението поврзано со пожарот во...

Македонија1 ден

Судскиот совет го разреши судијата Енвер Беџети, кој е на црната листа на САД

Судскиот совет го разреши судијата од Апелацискиот суд Скопје, Енвер Беџети, од функцијата. Инаку, тој во декември минатата година, заедно...

Македонија1 ден

Вработени во Општина Гази Баба организирале создавање и палење депонии, објави Арсовска

Општината Гази Баба и нејзиното јавно претпријатие се затекнати во незаконски активности кои директно ја загрозуваат животната средина и здравјето...

Свет1 ден

(Во живо) Последниот брод сè уште плови кон Газа, Израел објави забрана за влез

Последниот брод во меѓународната флотила за помош за Газа го продолжи своето патување рано утрово, според организаторите, откако околу 40...

Свет1 ден

Трамп: Ако продолжи блокадата на владата, ќе има отпуштања

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека федералните работници би можеле да бидат отпуштени, а проектите би можеле да бидат...

Европа1 ден

Прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен, забележани се дронови

Воздушниот сообраќај беше прекинат преку ноќ на аеродромот во Минхен поради прелет на дрон, чие потекло се истражува, изјави портпарол...

Европа2 дена

(Видео) Орбан: Посилни сме од Русија; Туск: Ми се допаѓа кога ги користи моите аргументи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повтори дека Европската Унија не треба да се плаши од Русија бидејќи е посилна од неа...