Црна хроника
Двајца повредени во сообраќајна несреќа меѓу возило и трактор кај Пробиштип
Вчера во 10.30 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионалниот пат Р-1205, кај Пробиштип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „матиз“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(63) од Кратово и трактор „махиндра“ со пробиштипски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(52).
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „матиз“ М.Т.(61) од Кратово, а со телесни повреди возачот Г.Т., констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсена 26-годишна скопјанка, при претрес во нејзиниот дом пронајдени марихуана и кокаин
Вчера во 12.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ја лишиле од слобода 26-годишната Н.С. од Скопје.
При претрес во домот каде престојувала, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и две дигитални ваги. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава по брза постапка.
Црна хроника
Претрес во Скопје, пронајдени дрога и куршуми
Вчера во 17.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(23) од с.Батинци, скопско.
При претрес во домот на Ј.Т.(38) од Скопје, извршен со судска наредба, каде бил затекнат пријавениот А.Р., како и во неговото патничко возило, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, две дигитални ваги, куршуми и други предмети.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Топ
Кривична за убиство од небрежност: застрелал човек со кој бил во лов на дивеч
Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Штип го лишија од слобода 54-годишниот Т.К. од село Дедино, општина Конче и против него се поднесени кривични пријави поради основано сомнение за сторени кривични дела по член 126 „убиство од небрежност“, член 396 „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и член 228 „незаконит лов“ од КЗ.
Имено, на 04.11.2024, Т.К., заедно со 31-годишниот И.К. од село Дедино, општина Конче, со цел да вршат незаконит лов на дивеч се упатиле кон селата Лесковица и Пиперово, при што приведениот со ловна пушка која ја поседувал без дозвола од поголема далечина го застрелал И.К., кој починал на местото на настанот, извести МВР.
Во текот на вчерашниот ден, со наредба од Основен суд Радовиш извршен е претрес во домот на Т.К., при што се одземени предмети кои се од интерес на истрагата, а лицето е приведено.