Спорт
Светската ватерполо федерација ги одобри новите правила

Светската ватерполо федерација најави нови правила за оваа игра кои ќе донесат одредени промени, најмногу во динамиката на самата игра.
Најзначајно е што во машка конкуренција големината на теренот меѓу двата гола сега ќе биде 25 метри, а не 30 како што беше досега. Времето за напад ќе биде 25 секунди, наместо 30.
Исто така, времето на вториот напад повеќе нема да биде 20 туку 15 секунди. Исто така нападот со играч повеќе ќе трае 15, а не 20 секунди тшо досега беше случај.
Бројот на играчи во тимот, односно во записникот сега ќе биде 14 наместо 13, со максимум од дванаесет играчи и двајца голмани.
Тимот има право да игра со сите седум играчи од теренот во напад, додека на тренерите ќе им биде дозволен по еден челенџ во одредени ситуации.
ВАР системот се користи и во ватерполо, но не во сите ситуации.
Овие не толку мали промени започнаа на почетокот на овој месец и ќе започнат да се применуваат во сите идни натпреварувања, вклучително и на најголемите како Светското првенство или Олимписките игри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Трагедија на финалето на Лигата на нации

Трагедија го засени напнатото финале на Лигата на нации што го играа Португалија и Шпанија во Минхен. По регуларниот дел и продолженијата, резултатот беше 2:2, па победникот беше решен со пенали. Португалија беше поуспешна и славеше.
Но, на крајот од првото продолжение се случи трагедија. Навивач, чија возраст и националност сè уште не се познати, падна од една од највисоките трибини на Алијанц Арената и почина.
„На стадионот во Минхен се случи ситуација во која беше потребна интервенција на службите за итна медицинска помош. И покрај напорите на лекарите да го спасат животот на жртвата, тој за жал почина во 00:06 часот. Нашите мисли се со неговите најблиски во ова тешко време“, објави УЕФА.
Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте, исто така ја коментираше трагедијата. По пристигнувањето на прес-конференцијата, тој рече: „Прво, сакам да изразам сочувство до семејството на навивачот кој почина“.
Шпанските медиуми пишуваат дека веднаш по падот, работниците од обезбедувањето и итните служби се упатиле кон навивачот и дека, покрај тоа што му помогнале, го покриле местото на несреќата со чаршафи за никој да не може да фотографира од жртвата. Иако за несреќата се знаело на трибините, натпреварот продолжил.
Спорт
Мастантуоно потпиша за Реал

Франко Мастантуоно, аргентинското чудо од дете, потпиша за Реал Мадрид. Фудбалерот на Ривер Плата, потпиша договор со мадридскиот клуб на шест години.
Мастантуоно брзо доби повик во репрезентацијата на Аргентина, за која неодамна дебитираше. Тој претставува врвен талент, а Реал мораше да потроши дури 45 милиони евра за да го доведе во своите редови. Мастантуоно ќе наполни 18 години во август, што би значело дека треба да игра на Светското клупско првенство.
Покрај Реал, заинтересиран за Аргентинецот бешеи ПСЖ.
Тој ја покрива позицијата играч од средниот ред, а многумина во Мадрид го гледаат како замена за сегашната легенда на клубот, Лука Модриќ, кој е на прагот да се пресели во Милан.
🚨🤍 BREAKING: Franco Mastantuono to Real Madrid, here we go! Argentinian top talent will join Madrid on six year deal.
$45m fee to be paid in installments. ⭐️🇦🇷
Formal steps to follow next week with River Plate now asking for Franco to play Club World Cup then leave in August. pic.twitter.com/PDgYV3u6g2
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 8, 2025
Спорт
Левандовски ги шокираше Полјаците: Нема повеќе да играм за репрезентацијата

Напаѓачот на Барселона и капитен на полската репрезентација, Роберт Левандовски, објави дека повеќе нема да игра за националниот тим додека Михал Пробиеж е на нејзино чело.
„Поради моменталната ситуација и губењето на довербата во тренерот, решив да не играм за националниот тим сè додека тој е на таа позиција. Се надевам дека во иднина повторно ќе го носам дресот на националниот тим за најдобрите навивачи во светот“, изјави Левандовски преку социјалните мрежи.
Пробиеж ја презеде репрезентацијата во септември 2023 година, но под негово водство Полска беше елиминирана како прва екипа од Европското првенство во 2024 година. И покрај лошиот резултат, претседателот на Фудбалскиот сојуз Чежари Кулеша изјави дека селекторот ја има поддршката од Сојузот.
На најдобриот полски фудбалер во историјата очигледно тоа не му се допадна.
Левандовски дебитираше за националниот тим во 2008 година и досега постигна 85 гола, што го прави најдобар стрелец во историјата на националниот тим.