Македонија
Прекинато водоснабдување на дел од улицата Орце Николов и на потегот од „Ленинова“ до „Наум Наумовски-Борче“
Од Центарот за управување со кризи известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-80 мм на ул. Орце Николов 98, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од ул.Ленинова до ул.Наум Наумовски Борче.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, соопштија надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Набавивме нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот, метежот е минато
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во одделението за персонализација во МВР каде беше промовирана новата машина за печатење на лични документи.
„Денес ја пуштаме во употреба новата машина за печатење на лични документи која ја набави министерството за внатрешни работи и која тројно ќе го зголеми капацитетот и ќе го забрза издавањето на издавање на документи. Машината ги печати сите видови картични документи кои ги издава министерството за внатрешни работи како лични карти, возачки дозволи, картички за привремен претстој… Тоа во превод значи нема повеќе гужви какви што гледавме, нема повеќе нарушување на достоинството на граѓаните туку брзо и навремено издавање документи за секој граѓанин. Целосно сме посветени на креирање на брзи и квалитетни услуги за граѓаните преку унапредување и дигитализација на процесите и услугите. Граѓаните заслужуваат да добиваат брзи и ефикасни услуги од своите институции.“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски воедно уште еднаш потсети и апелираше уште еднаш до сите граѓани дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име согласно со промената на законот која беше направена во февруари, e заклучно со 31.12.2024 година и да го искористат преостанатиот период што побрзо да ја обноват својата возачка дозвола.
Скопје
Орце Ѓорѓиевски: Првпат по половина век, жителите од улицата 25 во Припор добиваат целосна фекална канализација и нов асфалт
Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денес беше во посета на активностите за изградба на улица, за првпат по половина век, каде што претходно жителите добија и целосна фекална канализација. Се работи за сериозен проект, како што информираше тој, бидејќи ова барање на жителите со години се провлекувало но досега не било реализирано.
„Работата е она што ме исполнува и мотивира да направиме уште повеќе, да има задоволни граѓани и да ги решаваме децениските проблеми.
Еден таков, сега целосно решен а се провлекува веќе 50 години низ лавиринтите на лажните ветувања е улицата ,,25” во Припор. Оваа улица за првпат била изградена од самопридонес на жителите и годините поминати си го направиле своето, односно видливите оштетувања беа сериозен проблем во извршување на секојдневните потреби. По разговор со мојот народ кој живее таму и нивните барања кои за мене се приоритет, се пуштивме во акција за да го решиме проблемот трајно. Изградивме фекална канализација во должина од 530 метри, а денес по завршувањето, почнавме со асфалтирање на улицата која опфаќа 1600 метри квадратни површина. Не постои нерешлив проблем кога се пристапува со сериозност, немањето волја е она што е проблем. Затоа, продолжуваме во секое населено место, кај секој домаќин да ги слушнеме барањата кои ги имаат и да пристапиме кон нивно решавање. Мојот народ заслужува! – истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.
Македонија
Мицкоски: Преговараме со инвеститори на поедноставен начин да го донесат гасот во државата за најевтино централно затоплување
„Единствен начин, за да делуваме веднаш е во оние средини каде што се користат дрвата или друг начин на затоплување, најчесто дрвен отпад, неретко и гуми. Не се тие корисници виновни, едноставно социјалната состојба е таква да бидат приморани да тоа го користат, биде замената со друг енергенс којшто е прифатлив за нив, а тоа е централно затоплување, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
„Како ќе дојдеме до централно затоплување најевтино, преку градба на когенеративни гасни постројки кои што во текот на зимата кога ни треба ќе произведуваат и електрична енергија и истовремено ќе произведуваат топла вода којашто преку топловоди ќе биде дистрибуирана до тие средини коишто денеска користат сосема поинаков енергенс којшто за жал емитува ПМ2,5 и ПМ 10 честички во воздухот. И тоа е 60 проценти од факторот којшто влијае врз загадувањето.
Ние работиме на неколку такви проекти. Токму од овде, одам на состанок во Владата со потенцијален инвеститор којшто сака да инвестира една милијарда евра во ваков тип на производни капацитети. Тоа нема да биде по принципот како до сега, како што беше оној специјален закон, стратешки проект во Парламентот, на одење минатата Влада што го достави по привилегирани цени и така натаму. Сѐ ќе биде по пазарни услови. Преговорите се со инвеститори во кои што моја цел е и државата да биде дел од пакетот, да биде косопственик во самата таа инвестиција, нормално не со пари, со земја, со приклучоци и со слично. Затоа што цениме дека приватните инвеститори коишто имаат пристап до овој ресурс како што е гасот, можат на многу поедноставен начин и пофлексибилен начин, да го донесат тука, отколку државата. Така што ќе видиме како ќе завршат овие преговори. И ако биде сѐ како што треба, овој процес нема да биде преку ноќ. Но ќе почнеме, здравје Боже, во текот на идната година. Очекувам, во период до три години, сето ова да се заврши“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изградбата на гасни централи со кои ќе се влијае и на намалување на загадување на воздухот.