Спорт
Барди исфрлен од првиот тим на Трабзон
Трабзонспор објави дека Енис Барди (29) е исфрлен од првиот тим. Тренерот Шенол Гинеш не смета на него, но Барди не е единствениот кој е исфрлен. Стефано Денсвил, Мислав Оршиќ и Умут Бозок исто така повеќе не се дел од првиот тим на турскиот прволигаш. Од клубот сметаат дека мора да ја подобрат формата.
Во кратката изјава Трабзонспор напиша: „Како резултат на состанокот одржан денеска од нашиот претседател Ертугрул Доган, нашиот потпретседател Зејат Кафкас и нашиот тренер Шенол Гунеш, беше одлучено нашите професионални фудбалери Мислав Оршиќ, Стефано Денсвил, Енис Барди и Умут Бозок да тренираат одвоено од тимот за да ги подобрат своите перформанси. Со почит“.
Како што пишува турскиот портал Фотоспор, Трабзонспор во зимскиот преоден рок ќе се обиде да се ослободи од Барди и од двајца Хрвати: „Примарната цел е клубот да се ослободи од Енис Барди, Мислав Оршиќ и Борна Баришиќ“.
Барди сезонава настапи на осум натпревари за Трабзонспорт, одигра вкупно 377 минути.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мбапе си ги бара парите од ПСЖ

Адвокатскиот тим на Килијан Мбапе тргна во напад во обид да го реши спорот меѓу фудбалерот и неговиот поранешен клуб, Пари Сен Жермен.
Францускиот напаѓач тврди дека ПСЖ му должи 55 милиони евра, а неговите адвокати истакнуваат дека побарале од судот во Париз да покрене постапка. Овој спор трае повеќе од една година, а Делфин Ферхејден, една од адвокатите, истакнува дека од францускиот министер за спорт било побарано да интервенира и правно да ја оспори одлуката на жалбената комисија на Француската фудбалска асоцијација, која одлучила дека жалбата на Мбапе е неприфатлива.
Верхејден додава дека ПСЖ, доколку го загуби спорот, може да остане без лиценцата за настап во Лигата на шампионите.
Минатиот октомври, апелациската комисија на француската лига ја потврди одлуката со која се наложува ПСЖ да ги исплати неисплатените плати на Мбапе.
Мбапе тврди дека клубот му должи три месечни плати и последната третина од бонусот за лојалност.
Да потсетиме, минатото лето тој во слободен трансфер се пресели во Реал Мадрид.
Мбапе е рекордер на клубот по бројот на постигнати голови (256) за седум години во Пари Сен Жермен.
Спорт
(Видео) 21-годишен перуански фудбалер почина по судир со противничкиот голман

Перуански фудбалер почина на 21-годишна возраст по судир со голманот на противничкиот тим.
Инцидентот се случи на натпреварот помеѓу Реал Титан и Дефенсор Нуева во Купот на Перу. Хелар Гонзалес Алтамирано, во седмата минута се судри со противничкиот голман и изгуби свест.
Медицинските служби брзо пристигнале на теренот, но Гонзалес Алтамирано на крајот бил однесен на носилки и пренесен во болница, каде подоцна починал.
„Ќе те паметиме по љубовта кон фудбалот и твоето семејство. Не остави во голема болка. На твоето семејство му посакуваме сила во ова тешко време. Тие не се сами, бидејќи ние и целото фудбалско семејство сме со нив“, стои во соопштението на клубот Реал Титан.
#LOÚLTIMO Falleció el futbolista Helar Gonzales Altamirano de 21 años tras dos días internado luego de un choque con su portero en un partido entre Real Titan NC Vs. Defensor Nueva Cajamarca por la Copa Perú. pic.twitter.com/dMPlRSTjM6
— Roger García (@RogerAderly) April 9, 2025
Спорт
Роналдо доби двегодишен договор

Кристијано Роналдо, 40-годишниот напаѓач, ќе го продолжи договорот со Ал Наср на уште две години, пренесува „Спорт Италија“.
Португалскиот фудбалер му се приклучи на саудискиот клуб во зимата 2023 година по неуспешната сезона во Манчестер Јунајтед. Легендарниот напаѓач одигра 98 натпревари за Ал Наср во сите натпреварувања, постигна 88 гола и забележа 19 асистенции.
Во тековната сезона Роналдо настапи на 34 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 30 гола и забележа четири асистенции.
Неговиот актуелен договор е до летото 2025 година, а претходно се шпекулираше дека за новиот двегодишен договор ќе заработи дури 200 милиони евра.