Црна хроника
Вреќи со марихуана, оружје, пари украдени од банкомати, пронајдени кај 39-годишен скопјанец
Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога, постапувајќи по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, во содејство со полициски службеници од Интервентна полиција од СВР Скопје извршија претрес кај Б.Ј.(39) во Скопје.
При претресот во домот на Б.Ј. биле пронајдени 30 банкноти во апоени од по 20 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражба на банкомати, пет пиштоли, една кеса со бела грутчеста материја, мобилни телефони и др.
Исто така, извршен е претрес на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, при што биле пронајдени вреќи во кои имало 21 ќесиња марихуана и други предмети.
Пронајдените предмети се подигнати и предадени на вештачење. По целосно документирање на случајот, против Б.Ј. ќе бидат поднесени кривични пријави по член 396 „неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и член 215 „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од КЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен возач во Ресен, управувал возило со 2,79 промили алкохол во крвта
Вчера на ул. „Корчуланска” во Ресен, полициски службеници го лишија од слобода Б.Л.(45) од с. Царев Двор, ресенско.
При контрола во сообраќајот, од страна на полициските службеници било констатирано дека Б.Л. управувал возило „пежо“ под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,79 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.
Црна хроника
Уапсени две лица во Пласница поради кражба на огревно дрво, следуваат соодветни пријави
Вчера во атар на село Преглово, општина Пласница, полициски службеници ги лишија од слобода А.М.(27) и М.М.(64) за кражба на дрво.
Полициските службеници затекнале патничко возило „опел” без регистарски ознаки, управувано од А.М., а сопатник бил М.М.(64), кое било натоварено со нежигосани огревни дрва, моторна пила и секири.
Дрвната маса е предадена на шумска полиција за понатамошно постапување, а против А.М. и М.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Нападната и ограбена жена на улица во Аеродром
Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, М.П.М.(50) од Штип пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и ја одзело чантата со паричник, лични документи, мобилен телефон и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

