Црна хроника
Кривична за поранешниот директор на ЈП „Комунална чистота“Богданци: ја злоупотребил службената положба
Денеска од страна на СВР Струмица – ОВР Гевгелија до ОЈО Гевгелија поднесена е кривична пријава против Р.П., поранешен директор на ЈП “Комунална чистота”- Богданци.
Тој во временскиот период од 01.01.2019 до 31.12.2022 во својство на службено лице, односно вработен како директор во јавното претпријатие, со неизвршување на своите службени обврски, сторил повреда на повеќе одредби од подзаконски акти и договори.
Односно пропуштил да бидат наплатени долгови по основ на извршени услуги од ЈП “Комунална чистота“ Богданци, направени од страна на физички и правни лица од општина Богданци, не водел сметка сите побарувања од корисниците да бидат соодветно обезбедени преку судска или друга соодветна постапка пред истите да застарат, поради што било пропуштено да биде наплатен долгот од корисниците на услугите, при што била причинета вкупна материјална штета во висина од околу 360.000 денари на ЈП “Комунална чистота“ Богданци.
Со тоа, пријавениот сторил кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво според член 353 став 3 во врска со став 1 од КЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прво ја нападнале жената, па меѓусебно се истепале и кршеле покуќнина – двајца приведени во Штип
Полицијата во Штип вчера ги приведе 35-годишниот В.Д. и 33-годишниот С.Д., обајцата од Штип, по претходна пријава поднесена од 29-годишната Ѓ.М.
Според пријавеното, В.Д. физички ја нападнал Ѓ.М., по што тој и С.Д. меѓусебно се пресметале, при што користеле разни предмети и оштетиле дел од покуќнината во домот.
Полицијата работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ограбена сендвичара на Бит Пазар – украдени пари од касата
Утрото на 21 ноември во скопската полиција било пријавено дека во периодот меѓу 00:30 и 07:15 часот била ограбена сендвичара на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.
Според пријавеното, непознат сторител со употреба на физичка сила и алат успеал да влезе во објектот и да одземе пари од касата.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Mигрант почина во Комплексот клиники, бил хоспитализиран на нефрологија
Клиниката за нефрологија при Клиничкиот комплекс Мајка Тереза вчера пријавила во скопската полиција дека кај нив бил донесен 41-годишниот Л.Ш., мигрант, кој имал потреба од итна лекарска помош.
Мигрантот бил примен на 20 ноември, a починал следното утро, на 21 ноември, во 06:48 часот.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

