Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Посветено и домаќински работиме на забрзана трансформација на Македонија
ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија која посветено и домаќински работи на забрзана економска, финансиска и инфраструктурна трансформација на Македонија, велат од партијата и додаваат дека идната 2025 ќе биде развојна година со многу капитални инвестиции, развој на стопанството и зголемен животен стандард и благосостојба за граѓаните.
„За таа цел, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ подготви развоен буџет, кој ќе ја поддржи и обезбеди раст на македонската економија од 3,7%. Во буџетот 2025 година се проектира раст на приходите од ДДВ за 10.5% повеќе од сега, додека растот на приходите од царини ќе биде 20%, нешто што ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е можно со напорно и домаќинско работење со преземањето на власта. Освен зголемувањето на приходите, Владата ќе ги намали и расходи, така што во делот на буџетската ставка набавка на стоки и услуги, следи намалување од 0.5%. Со вака зголемените приходи и намалени трошоци, во буџетот ќе останат повеќе пари кои што ќе завршат директно кај граѓаните“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму дополнуваат дека токму затоа, буџетот за 2025 година вклучува и социјална компонента со која се предвидува зголемување на приходите на сите граѓани, така што ќе има покачување на платите и пензиите.
„Со буџетот за следната година ќе следи и ново покачување на платите на наставниците и образовните работници од основното до високото образование. Исто така, покачување на платите ќе добијат и здравствените работници, државната администрација и македонската полиција, а ќе следи и второто линеарно покачување на пензиите од 2.500 денари за сите пензионери. Сето ова говори дека 2025 година ќе биде развојна година со многу инвестиции, развој на стопанството и зголемен животен стандард и благосостојба на граѓаните, а за тоа ќе придонесат и осумте нови странски инвестиции кои владата веќе ги договори. Забрзаната економска, финансиска и инфраструктурна трансформација на Македонија веќе започна, а на тоа посветено работи владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Битола објави повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти
Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година.
Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште, односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.
Пријавите треба да се достават до Општина Битола преку пошта на адреса; Општина Битола, Булевар 1 –ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот до последниот ден од Јавниот оглас.
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 25.02.2026 година и трае заклучно со 11.03.2026 година.
Пријавите од јавниот повик ги разгледува Комисијата за млади и спорт од Советот на Општина Битола и согласно критериумите ја одбрува висината на финансиската поддршка. Финансиската поддршка согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2026 изнесува 2.000.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 1.000.000,00 денари за индивидуални спортисти.
Повеќе за јавниот повик на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/sportski-klubovi-zdruzenija-i-sportisti/
фото/ Depositphotos
Македонија
Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели, клевета и нарушување на чест и углед.
„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.
Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата.
Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави Заев на социјалните мрежи.
Македонија
Милошоски-Бунфорт: потенцирана поддршката на Унгарија кон ЕУ интеграциите
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски оствари работна средба со Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан придружуван од Ѓула Шомоѓи, советник и Јулијана Армаш, советник, како и заменик шефот на мисијата Атила Фодор.
На средбата беше потврдена одличната македонско-унгарска соработка и подготвеност за понатамошно унапредување на односите на двете држави во повеќе области. Беше потенцирана заложбата за интензивирање на соработката во економската област преку реализирање на заеднички проекти, како и зближување на двата народа преку зајакнување на пријателските односи и културната размена.
Специјалниот претставник за Западен Балкан Бунфорт, ја потенцираше поддршката на Унгарија кон македонските ЕУ интеграции, истакнувајќи дека членството во ЕУ не претставува награда, туку признание за реформските напори и остварениот напредок во изминатиот период.

