Црна хроника
Кривична пријава против три лицa: продавале кокаин
Денеска од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), е поднесена кривична пријава против три лица: Б.С. (28) и М.С. (35), двајцата од Гостивар, како и против едно лице со засега неутврден идентитет, а поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл. 215 став 3 од Кривичниот законик.
Имено, пријавените во период од декември минатата година до ноември оваа година, се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога кокаин и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на посочената наркотична дрога.
За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување, обезбедени се голем број на материјални докази и утврдено е дека за време на наведениот период пријавените пуштиле во промет поголема количина од оваа наркотична дрога.
Соодветните организациони единици при МВР продолжуваат со преземањето на мерките и активностите во насока на утврдување на идентитетот на едното од пријавените лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

