Контакт

Свет

Се огласи Бајден по објавата дека и дозволил на Украина да користи американско оружје против цели во Русија

Објавено пред

Американскиот претседател Џозеф Бајден зборуваше за прв пат откако медиумите објавија дека му дал дозвола на Киев да гаѓа руска територија со американски ракети.

dobivaj vesti na viber

Бајден ја повтори поддршката на американската влада за Украина на самитот на Г-20 во Бразил, иако директно не ја спомена одлуката на Украина да и се даде зелено светло за употреба на ракети со долг дострел.

„Сите ние мора да работиме на крај на конфликтите и кризите кои го поткопуваат напредокот во подобрувањето на безбедноста ширум светот. Соединетите Американски Држави силно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Според мене, сите на оваа маса исто така треба“, рече тој.

Според написите на „Њујорк тајмс“ и изјавите на Ројтерс и други медиуми, администрацијата на претседателот во заминување Џозеф Бајден одобрила Украина да користи крстосувачки ракети со долг дострел ATACMS за напади на руска територија.

Свет

Фицо против одлуката на Бајден: „ Ескалација без преседан“

Објавено пред

Ројтерс објави дека словачкиот премиер Роберт Фицо силно се спротивставил на одлуката на Џо Бајден да и дозволи на Украина да користи оружје со долг дострел на цели во Русија.

dobivaj vesti na viber

Фицо ја опиша одлуката на Бајден како „невидена ескалација на тензиите“ и рече дека потегот на администрацијата на Џо Бајден очигледно има за цел да ги спречи или одложи мировните преговори. Тој рече дека категорично не се согласува со тоа.

Словачкиот премиер е еден од ретките европски лидери кои одржуваат блиски односи со Владимир Путин. Неговата националистичка влада веднаш ги запре воените испораки на Киев откако ја презеде функцијата пред една година и тврдеше дека пратките со оружје го продолжуваат конфликтот, пишува медиумот.

Според написите, Унгарија, исто така, изрази противење на широката европска поддршка за одлуката на САД да и дозволи на Украина да користи оружје со долг дострел за напади во Русија. Министерот за надворешни работи Петер Сијарто го опиша како „неверојатно опасно“ да се дозволи употреба на оружје доставено од НАТО за напади длабоко во Русија, пренесува Ројтерс.

Претходно оваа година, унгарскиот премиер Виктор Орбан привлече критики од сојузниците во ЕУ и НАТО, откако тој отпатува во Москва во јули за да се сретне лично со Владимир Путин. Европскиот парламент ја опиша посетата како „јасно кршење на договорите и заедничката надворешна политика на ЕУ“.

Прикажи повеќе...

Регион

Мицотакис: Грција планира да исплати најмалку пет милијарди евра јавен долг во 2025 година

Објавено пред

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска изјави дека Грција планира да ја забрза отплатата на јавниот долг и во 2025 година да исплати најмалку пет милијарди евра од долгот настанат за време на должничката криза.

dobivaj vesti na viber

На средбата организирана од Блумберг посочи дека ова треба да биде најнов знак за економскиот пресврт на земјата.

„Ние сме немилосрдно фокусирани на фискалната дисциплина и ова е знак на довербата што ја имаме во однос на јавната потрошувачка“, рече Микотакис, пренесе Блумберг.

Според Блумберг, иако Грција има највисок јавен долг кон БДП во целата еврозона, таа постигна значителен пресврт во децениската должничка криза кога земјата беше блиску до банкрот, додека грчката економија секоја година ја надминува еврозоната од пандемија и се очекува да продолжи да го прави тоа во 2025 година и 2026 година.

За време на екот на грчката должничка криза, стапката на невработеност во земјата достигна речиси 30 отсто, а се очекува да се намали на 10,5 отсто во 2024 година и понатаму на 8,5 отсто во 2028 година.

Како што пренесува Блумберг, многу даноци воведени или зголемени за време на кризата сега се намалени, па дури и елиминирани, додека минималната плата е зголемена на 830 евра месечно од 650 евра во 2019 година, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Свет

Володин: Русија би можела да користи нови системи за оружје во Украина доколку нападне со американски ракети со долг дострел

Објавено пред

Русија би можела да користи нови системи за оружје во Украина доколку Киев ја нападне Русија со американски ракети со долг дострел, изјави денеска Вјачеслав Володин, заменик и сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

Володин, претседателот на Долниот дом на парламентот, не даде дополнителни детали за кои нови системи за оружје станува збор, но рече дека Украина веќе ја напаѓа Русија користејќи ракети со долг дострел, пренесе Ројтерс.

Сепак, тој во изјавата наведе дека проширувањето на нивната употреба целосно ќе ги уништи руско-американските односи.

Според пишувањето на „Њујорк тајмс“ и изјавите на Ројтерс и некои други медиуми, администрацијата на американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден во неделата одобрила Украина да користи крстосувачки ракети со долг дострел ATACMS за напади длабоко на руска територија, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

„Граѓаните на Скопје мрзнат“: Галетановски повика на итни мерки за решавање на проблемите во јавниот превоз

Претседателот на градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галтеновски, упати критики до градската власт поради хаосот во јавниот превоз во Скопје....

Македонија6 часа

(Видео) И Заев и Мицкоски најавија ветерници, а на терен во Кумановско има само мерачи на ветер

Од спектакуларните најави на поранешниот премиер Зоран Заев за ветерен парк „Вирови“, кој требаше да биде историски најголемата германска инвестиција...

Македонија8 часа

Курти го пречека Мицкоски во Приштина – двајцата лидери очекуваат економската соработка да достигне половина милијарда евра

Премиерот на Косово, Аљбин Курти, го пречека македонскиот премиер Христијан Мицкоски денес во Приштина на меѓувладината седница. Пречекот се одвиваше...

Топ8 часа

15-годишник со нож пробол двајца малолетници, едниот во автобус на ЈСП

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Барање за...

Македонија9 часа

Продлжуваат превирањата во ЛДП – некои членови ја споредија Зајкова со Амди Бајрам по изјавата дека партијата се стреми да биде власт

Не стивнуваат поделбите во Либерално-демократската партија (ЛДП). Иницијативниот партиски одбор, кој бара смена на претседателката Моника Зајкова, реагира на нејзината...

Македонија10 часа

Следејќи ја локацијата на телефонски повик, спасувачите пронајдоа исчезнато лице во Маврово

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека во 17.58 часот на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена...

Македонија10 часа

Товарен воз излезе од шините помеѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“

Регионалниот ЦУК Скопје, ја пренесува информацијата од Македонски железници дека помеѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“, товарен воз вчера,...

Европа13 часа

Захарова за нападите врз Русија со моќните американски ракети: Путин кажа сè

Американскиот претседател Џо Бајден и даде дозвола на Украина да користи американски ракети со долг дострел за цели на руска...

Свет14 часа

Ким Џонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун повика на зајакнување на нуклеарните сили на земјата „без ограничувања“ и завршување на воените подготовки, објавија...

Европа14 часа

(Видео) Русите погодија зграда во Суми, 10 мртви, меѓу кои и две деца, 52 ранети

Десет лица, меѓу кои две деца, загинаа, а 52 се повредени вчера вечерта кога руска ракета погоди станбена зграда во...

Европа15 часа

(Видео) Пристигна реакцијата на Зеленски на одлуката на Америка

Володимир Зеленски реагираше на веста за дозволата на Западот, Украина да ја нападне Русија со оружје со долг дострел, велејќи...

Европа15 часа

Стармер: Немам намера да разговарам со Путин

Британскиот премиер Кир Стармер „нема намера да разговара“ со Владимир Путин, изјави тој, два дена по разговорот меѓу германскиот канцелар...

Европа15 часа

Руски функционер: Набргу ќе дојде нашиот одговор на американската дозвола за Украина

Одлуката на Вашингтон да и дозволи на Украина да удри длабоко во Русија со американски ракети со долг дострел може...

Македонија1 ден

Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска по средбата со Македонската банкарска асоцијација на која се прецизраа условите под кои бизнис секторот ќе...

Скопје1 ден

Деца искршиле багер во Капиштец, градоначалникот Герасимовски бара полиција на терен

Во текот на изминатата ноќ, во паркот во Капиштец, малолетни лица обиле багер, го ставиле во функција и предизвикале штета...

Топ1 ден

Фатен и спроведен во притвор осомничени за убиство во обид во Скопје

СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена  е кривична пријава против едно лице. Како што соопшти МВР, полициски службеници од...

Топ2 дена

(Видео) Објавена снимка од моментот на експлозијата во дворот на Раде Штекли

Порталот 4News објави видео-снимка од безбедносна камера на која, како што се наведува, е прикажан момент од детонацијата на експлозивната направа пред...

Свет2 дена

Масовно убиство во Кина, студент со нож усмрти осум лица

Најмалку осум лица загинаа, а 17 се ранети вчера кога дваесет и едногодишен студент изврши напад во источниот кинески град...

Македонија2 дена

Во земјава има околу 130 илјади пациенти со дијагностициран дијабетес

Во Македонија има околку 130 илјади дијагностицирани пациенти со дијабет. Изминатата година дијабетичарите ја прогласија за најтешка бидејќи немаа терапија....

Топ2 дена

Се апсеа дилери на дрога, за четири часа полицијата приведе 12 лица

По преземени мерки и активности на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и...