Црна хроника
Ученик се однесувал агресивно кон наставник во основно училиште во Охрид
Вчера во 08.57 часот во СВР Охрид е пријавено дека, во едно основно училиште во Охрид, З.П. од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон еден наставник од училиштето.
По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
60-годишна битолчанка измамена за 10.000 евра
Вчера во 13.45 часот во СВР Битола, 60 – годишна жена од Битола пријавилa дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, пред околу четири месеци на фејсбук стапила во контакт со лицето, кое се претставило дека е со македонско потекло, дека е вработен во армијата на САД, а моментално на мисија во Сирија и дека сака да ја прекине мисијата.
Како што е пријавено, лицето ја известило дека мора да уплати 10.000 евра доколку сака да ја прекине мисијата и побарало од неа да ги пушти парите на лице во Турција преку брз трансфер на пари, затоа што додека бил на мисија немал пристап до неговата банкарска сметка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Прилепчани уплатиле пари на скопјанец за работа во Германија: останале без пари и без работна виза
Вчера во 12.00 часот во ОВР Прилеп, две лица од Прилеп на возраст од 39 и 31 година пријавиле дека во август и септември 2024 година биле измамени од едно лице.
Според пријавеното, преку вибер контактирале со лицето за посредување за работа во Сојузна Република Германија и притоа во повеќе наврати уплатиле пари на сметка на лице од Скопје.
Како што е пријавено, до пријавувањето не добиле работна виза, а од пред една недела лицето престанало да комуницира со нив, по што сфатиле дека се измамени.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Малолетничка допирана по телото во дворот на основно училиште во Скопско
Полицијата соопшти дека малолетничка била допирана по телото во училишен двор во Скопско.
Имено вчера во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 13.11.2024 околу 13.50 часот во двор од основно училиште во скопско село, едно лице допирало по телото малолетна ученичка од училиштето.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.