Црна хроника
60-годишна битолчанка измамена за 10.000 евра
Вчера во 13.45 часот во СВР Битола, 60 – годишна жена од Битола пријавилa дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, пред околу четири месеци на фејсбук стапила во контакт со лицето, кое се претставило дека е со македонско потекло, дека е вработен во армијата на САД, а моментално на мисија во Сирија и дека сака да ја прекине мисијата.
Како што е пријавено, лицето ја известило дека мора да уплати 10.000 евра доколку сака да ја прекине мисијата и побарало од неа да ги пушти парите на лице во Турција преку брз трансфер на пари, затоа што додека бил на мисија немал пристап до неговата банкарска сметка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведени и притворени две лица од Струга кои запалиле возило на охриѓанец
Вчера постапувајќи по претходно добиена пријава на 08.11.2024 од М.Г. (36) од Охрид дека пред неговата куќа во Охрид било опожарено возило “бмв”, кое тој претходно го управувал и паркирал пред куќата, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода В.М.(24) од Струга и Р.А. (18) од с. Радолишта, Струга.
Лицата се спроведени во полициска станица, а во службениот разговор В.М. во целост го признал извршеното кривично дело.
Денеска (19.11.2024) до ОЈО Охрид е поднесена кривична пријава против двете лица за извршено кривично дело по член 288 од КЗ, и од страна на судија на претходна постапка на двете лица изречена им е мерка притвор од 30 дена.
Црна хроника
Приведен крадец во Скопје, украл паричник и телефон на автобуска во Карпош
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.З. (32) од Скопје поради сторено кривично дело “тешка кражба на дрзок начин”, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор од осум дена.
На 17.11.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје Х.Д. (44) пријавила дека околу 11.50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош, едно лице со употреба на сила и одзело паричник и мобилен телефон. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презедоа мерки и активности и го расчистија случајот, Џ.З. е лишен од слобода и поднесена е соодветна кривична пријава.
Црна хроника
Прилепчани уплатиле пари на скопјанец за работа во Германија: останале без пари и без работна виза
Вчера во 12.00 часот во ОВР Прилеп, две лица од Прилеп на возраст од 39 и 31 година пријавиле дека во август и септември 2024 година биле измамени од едно лице.
Според пријавеното, преку вибер контактирале со лицето за посредување за работа во Сојузна Република Германија и притоа во повеќе наврати уплатиле пари на сметка на лице од Скопје.
Како што е пријавено, до пријавувањето не добиле работна виза, а од пред една недела лицето престанало да комуницира со нив, по што сфатиле дека се измамени.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.