Македонија
Променливо облачно време, во пладневните часови се очекуваат повремени врнежи од дожд
Променливо облачно во западните делови од наутро со повремен дожд. Во текот на денот врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а ќе бидат пообилни во западните и северозападните делови, а ќе продолжат и преку ноќта . Ќе дува засилен до силен јужен ветер (наместа над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје променливо облачно од пладневните часови со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Од утре до сабота под влијание на влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во текот на ноќта кон четврток ќе има пообилни врнежи од дожд, а во петок и до сабота во пладневните часови врнежите повторно ќе бидат пообилни (и над 25 л/м²) и ќе преминат во снег понекаде и на пониските места. На планините и на повисоките места во западните и северните делови ќе се формира снежна покривка. До сабота ќе дува засилен до силен ветер (и над 70 km/h).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Да се обезбедат сензори за континуирано мерење гликемии и инсулински пумпи за лицата со дијабетес во Македонија, бара СЗДСМ
Сојуз на здруженија на лица со дијабетес на Македонија (СЗДСМ) ги повикува сите пратеници во Собранието, како и креаторите на здравствените политики во Владата, да му дадат приоритет на здравјето на над 3.500 граѓани кои живеат со тип 1 дијабетес (Т1Д) во РС Македонија, како и на околу 2.000 лица со тип 2 дијабет (Т2Д) со здравствени компликации од високите нивоа на шеќер во крвта.
Сојузот ги повикува сите парламентарни групи и пратеници во Собранието на Р.С. Македонија, да ги усвои амандманите за одвојување на дополнителни средства за набавка на сензори за континуирано мерење на гликемии (CGM), како и за инсулински пумпи за да се осигура дека секое лице со T1Д и Т2Д со компликации има пристап до новите технологии кои спасуваат животи.
„Северна Македонија се соочува со предизвици во грижата за дијабетесот, вклучително и ограничен пристап до современи помагала за следење на вредностите на шеќерот во крвта, како и до соодветни третмани. CGM сензорите и инсулинските пумпи се критично важни за управување со дијабетесот. Во моментов се обезбедуваат CGM сензори за само 18.5% од вкупниот број на лица со тип 1 дијабетес и за само 6% од Т1Д има обезбедено инсулински пумпи. Ова остава илјадници пациенти со тип 1 дијабетес и со тип 2 дијабетес со компликации да не можат да имаат корист од благодетите на овие нови технологии.
Зошто CGM се од суштинско значење?
Ако се направи т.н Cost-Benefit анализа (Анализа на трошоците во однос на придобивките) за обезбедување CGM сензори за лица со дијабетес тип 1 и за лицата со тип 2 дијабетес со компликации, ќе се заклучи дека долгорочните финансиски придобивки од користење на CGM сензорите ја надминува повеќекратно почетната инвестиција во смисла на подобрени здравствени резултати и намалени вкупни трошоци за здравствена заштита“, велат од Сојуз на здруженија на лица со дијабетес на Македонија.
Македонија
Муцунски ќе учествува на состанок на министрите за надворешни работи на ЦЕИ во Тирана
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе земе учество на состанокот на Министри на надворешни работи на Централно европска иницијатива (ЦЕИ) кој во рамки на албанското претседавање со иницијативата се одржува денес во Тирана.
Фокусот на темите на состанокот ќе биде ставен на ЕУ проширувањето во новите геополитички околности и руската агресија врз Украина, чии последици се рефлектираат како на регионалната, така и на меѓународната безбедност и стабилност.
За време на министерскиот состанок се очекува да биде усвоена Заедничка изјва од страна на сите министри на земјите членки на ЦЕИ, потврда за изборот на нов Генерален секретар на ЦЕИ и утврдување на следната земја претседавач со иницијативата – Република Србија.
Македонија
СДСМ: Воздухот во сите градови е загаден а ДПМНЕ го намали буџетот за 51%
Последните податоци покажуваат дека во Скопје на сите мерни места загаденоста на воздухот е голема, присуството на ПМ10 честичките се двојно и тројно зголемени. Не само во Скопје, високи концентрации на ПМ10 честитчки се регистриани и во другите градови, Битола, Кичево, Кавадарди, Куманово, Охрид, Гостивар, истакнуваат од СДСМ.
Од оваа партија оценуваат дека аерозагадувањето е високо, граѓаните се гушат, а ниту власта на ДПМНЕ ниту градоначалниците од оваа партија не превземаат некакви мерки.
„Дополнително, во Буџетот 2025 власта ги намали парите за чист воздух за 51%, парите за заштита на животната средина се намалени за цели 25%, а парите за развој на енергетиката се намалени за 41%.
Ова значи дека власта на Мицкоски нема намера ништо да преземе за да ги заштити граѓаните.
Со мерките на СДСМ и Планот за чист воздух, којшто е прв стратешки документ на некоја влада досега во борбата со аерозагадувањето, започна тренд на посетепено намалување на загадувањето.
Со Планот се направи промена на нееколошкиот начин на загревање на градинките, училиштате, јавните објекти и се презедоа сет на повеќе мерки.
Со тоа започна на годишно ниво да има намалување на штетните честички ПМ 2.5 во воздухот за -564kg како и намалување на честитчките МП 10 за -735kg годишно“, наведуваат во реакцијата.
Затоа власта на ДПМНЕ, како што додаваат, требаше да продолжи и да ги засили мерките, за постепеното намалување на концентрациите на штетни честитчки во воздухот да продолжи.
Според СДСМ, борбата за чист воздух е процес кој бара посветеност, знање и конркетни мерки но очигледно тоа не е приоритет за Мицкоски и ДПМНЕ.