Спорт
(Видео) Атланта Хокс повторно го победија Кливленд, изборија место во нокаут-фазата во НБА купот
Атланта Хокс први изборија пласман во нокаут фазата на второто издание на НБА Купот. Изминатата ноќ, Хокс му го нанесе вториот последователен пораз на тимот со најдобар учинок во лигата, Кливленд Кавалирс и ја дочека победата на Бстпн Селтикс над Ликаго Булс која им го отвори патото до нокаут фазата.
Кливленд Кавалирс сензационалено влезе во сезоната со 17 победи во првите 18 натпревари, но потоа налета на Хокс, кои ги победија двапати во три дена. Синоќешната победа од 117:101 се брои и за НБА Купот, во кој Хокс со скор 3-1 го обезбедија првото место во групата Исток Ц.
Де’Андре Хантер ги предводеше Хокс со 23 поени, Тре Јанг додаде 21 и 11 асистенции, а Џејлен Џонсон имаше 20 со девет скока и седум асистенции. Дариус Гарланд постигна 29 поени за Кавси, а Еван Мобли имаше 23 и 12 скока
Единствениот претходен пораз Кавси го доживеаја од Бостон во претходната фаза од НБА Купот.
Елиминирани беа минатогодишните финалисти, додека бранителот на титулата ЛА Лејкерс се на работ на елиминација
Со победата од 138-129 на гости во Чикаго, Бостон Селтикс се зацврстија на второто место во Источната група Ц со 3-1 и +23 поени разлика, но за пласман во четвртфиналето ќе треба да чекаат победа на Орландо над Њујорк и средбата меѓу Детроит и Милвоки, која мора да заврши со победа на која било екипа со повеќе од седум поени разлика.
Покрај Кавалирс, елиминирани се и минатогодишните финалисти Индијана Пејсерс и Шарлот, Мајами, Бруклин и Филаделфија.
ЛА Лејкерс се уште имаат теоретски шанси да стигнат до четвртфиналето по поразот на домашен терен од Оклахома Сити Тандер 101:93, но со скор од 2-2 и -24 поени. разлика, би било потребно вистинско чудо за да им се поклопат сите резултати.
Шај Гилџис-Александер ги предводеше Тандер со 36 поени, кои сега имаат 2-1 во групата Запад Б, исто како и Феникс и Сан Антонио. Лејкерси, за кои дебитантот Далтон Кнехт постигна 20, а Леброн Џејмс само 12 поени, се четврти во групата и веќе ги одиграа сите натпревари.
Резултати:
Минесота – ЛА Клиперс 93:92
Бруклин – Орландо 100:123
Чикаго – Бостон 129:138
Индијана – Детроит 106:130
Мајами – Торонто 121:111
ЛА Лејкерс – Оклахома Сити 93:101
Портланд – Сакраменто 115:106
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

