Црна хроника
Две лица повредени во тешка сообраќаjка кај село Дедели

Вчера во 18:00 часот во полициската станица Валандово било пријавено дека на регионалниот пат Р-1105 кај село Дедели се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило волво со полуприколка трисан, со турски национални ознаки, управувано од Е.Н.(38) од Република Турција, патничко возило фолксваген пасат со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.С.(23) од Нов Дојран и патничко возило фолксваген голф со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Е.(27) од с.Василево, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило лицето В.Н.(71) сопатник во возилото голф од село Сарај општина Босилово, а со телесни повреди се здобил возачот на пасатот М.С., а констатирани во Општата болница во Гевгелија.
За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена се повредила додека влегувала во лифтот во МРТВ

Вчера во Градската општа болница Св.Наум Охридски била донесена Е.Т.(52) од Скопје.
Според информацијата од полицискиот билтен, жената се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ.
За настанот бил известен трудов инспектор.
Топ
10-годишно момче нападнато во училиштен ходник од врсници, го навредувале и му се заканувале, а снимале и со телефон

Врсничко насилство е регистрирано во полицискиот билтен, што се случило вчера во Основно училиште во скопската населба Карпош.
Според информацијата, вчера околу 14:30 часот во ходник од основно училиште, 10-годишно дете било физички нападнато од двајца негови соученици, кои потоа во училишниот двор му се заканувале и го навредувале, а едниот од нив снимал со мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Топ
Тројца пешаци удрени со автомобили за еден ден во Скопје, едниот возач побегнал

Во текот на еден ден, тројца пешаци беа удрени од автомобили на различни локации во градот.
Првиот инцидент се случи околу 14:15 часот на кружниот тек кај улиците „Адем Демачи“ и „Лазо Трповски“. Патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Б.Е. (38), удри во 76-годишната Г.Б., која се здоби со тешки повреди и беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Малку порано, околу 14:00 часот на булеварот „Февруарски Поход“, товарно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј. (53), удри во 18-годишната И.И., која исто така беше хоспитализирана со тешки повреди.
На крајот на денот, околу 20:45 часот на булеварот „Борис Трајковски“, уште еден пешак, Х.Ј. (36), беше удрен додека излегувал од претходно паркирано возило „тојота“. Возачот на „ауди“, кој го удрил, го напуштил местото на настанот, а повредениот е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
За сите несреќи бил извршен увид од екипи на СВР Скопје, а за случајот со бегството се преземаат дополнителни мерки за пронаоѓање на возачот.