Црна хроника
Украл автомобил: уапсен маж од Тетово
Вчера во 13.30 часот на улица ,,Ван Вардарска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.М.(44) од Тетово.
Кај него било пронајдено патничко возило „опел зафира“ со тетовски регистарски таблички, сопственост на Х.М.(62) од с.Џепчиште, кој што истиот ден околу 09.00 часот пријавил дека му било одземено од дворот на неговиот семеен дом во с.Џепчиште.
Одземеното возило било вратено на сопственикот, додека лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прилепчанец со пиштол им се заканувал на полицајци, одреден му е притвор
СВР Битола поднесе кривична пријава против Ф.И.(40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“.
На 29.11.2024 во угостителски објект во Битола, пријавениот со огнено оружје се заканувал на полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а подоцна и физички нападнал еден од нив.
Од страна на Судија на претходна постапка при Основен суд Битола на пријавениот му е одредена мерка притвор.
Црна хроника
Несреќа на регионалниот пат Велес-Скопје, возачот загина на лице место
Денеска во 07.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионален пат Велес- Скопје, во атар на нас.Дрма, скопско, возило „пежо партнер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(48) од с.Ржаничано, скопско, излетало од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
Црна хроника
Расчистено убиство пред кафеана во Струмица: Осомничено 18 годишно момче
СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Х.(18) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ и против В.Т.(22) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со „убиство“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 27.10.2024 пред угостителски објект во Струмица, второпријавениот физички ги нападнал Р.Д.(21), А.Н.(19) и С.Д.(21), сите од Радовиш, додека првопријавениот со остар предмет му нанел повреди на Ѓ.Ѓ., од кои починал.