Македонија
Тренчевска: Со Буџетот, ВМРО-ДПМНЕ ги крати средствата за најранливите граѓани за 25 проценти
Предлог буџетот за 2025 година покажа дека имаме власт, која е суетна, манипулативна, нема демократски сенс, која покажува невидена ароганција, и власт која смета дека е најдобра и со лажен ПР во изминатите 6 месеци сака да ги увери граѓаните дека е најдобра, власт која секогаш дефокусира, кога во јавноста излегува афера, поврзана со неа, која по 6 месеци не може да сфати дека повеќе не е опозиција и се однесува како да не е на власт, истакна пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, во своето обраќање на пленарната седница.
Тренчевска нагласи дека за најголемиот буџет досега од 6,5 милијарди евра, за прв пат во историјата власта не прифати ниту еден амандман од опозицијата, кои беа релани и со чие прифаќање ќе се обезбедеше подобрување на состојбите во одредени области, подобрување на животот на граѓаните, особено на социјално најранливите граѓани.
„Во предлог-буџетот за 2025 година, прв на оваа власт, требаше да ги видиме политиките и мерките ветувани во плафтормата 1198, кои би требало да донесат подобар живот за граѓаните и економски развој за државата, но во буџетот од тоа што е ветувано во платформата нема да има ништо, ниту подобар животен стандард за граѓаните, ниту економски развој на државата, рече Тренчевска, додавајќи дека наместо тоа пред пратениците е буџет, кој што нереален, нималку развоен, туку трошковен, недомаќински, предизборен и најважно од се невизонерски, неинвентирен и буџет на нови долгови и нова изгубена година за граѓаните и економијата, буџет со кој се предвидува нереален раст на БДП од 3,7% наспроти прогнозите на СБ од 2,5% и на НБ од 3,3%“.
Тренчевска нагласи дека со проектираниот дефицит од 4%, власта порачува дека законите важат за сите, но не и за неа, бидејќи овој дефиците е спротивен на законите и на маастришкиот критериум од најмногу 3% БДП и покажува дека во фискланата политика нема компас, не прави фискална консолидидација, како другите земји од Западен Балкан.
„Имаме буџет кој ги задоволува потребите на 24 министри и нивните кабиенти, меѓутоа не и на граѓаните, не се приритет на граѓаните, особено ранливата категорија, истакна Тренчевска, најгласувајќи дека во буџетот најмногу се крати од буџетот на Министерството за социјална политика, демографија и млади, крати од најранливите, се крати од социјалните услуги, се крати кај трансферот до националните сојузи на инвалидски организации, се крати кај лицата со попреченост, и услугите кон нив.
За да дознаат граѓаните каков буџет имаме и колку ги пресретнува нивните потреби, ќе бидам конкретна преку бројки од предлог-буџетот. Трансферот кон инвалидските организации, сојузот на Црвен крст, граѓанските организации кои работат на борбата против семејно насилство и насилство врз жените, нашата социјално емпатична влада средствата ги намалила за дури 25%. Од 80 милиони на 60 милиони, рече Тренчевска, додавајќи дека се намалуваат средствата и за здруженијата на слепи, глуви и наглуви, со телесен инвалидитет, за трудови инвалиди, лица со интелектуална попреченост.
Да дојде до поголем израз емпатичноста, секако иронично, на владата, со буџетот се крати и кај социалните услуги, кои се вопставени во околу 40 единици на локланата самоуправа, услугите за помош и нега во домот за стари лица и помош и нега во домот за лица со попреченост, по личната асистенција за лицата и децата со попреченост“, рече Тренчевска.
Таа нагласи дека владата си го покажа вистинското лице за грижа за најранливите, за лицата со пореченост и со намалување на буџетот за заштитните друштва за 3 пати во однос на 2024 година.
„Социјална држава и подобрување на квалитетот на животот не се постигнува со кратење средства за најранливите. Погледенте си ја колеги од ВМРО платформата 1198, делот за социјална грижа за најранливите и засрамете се. Многу ветувања, и никава реазлиација, дури и укинување на можности кои веќе постојат за најранливите категории на граѓани. Исто е и кај социјалните надоместоци и права од социјална заштита, нагласи Тренчевска додавајќи дека во платформата 1198 им стои покачување од 10% на годишно ниво, воведување на нови права и зголемување на дел од постоечките права за 20-30%, со што ВМРО-ДПМНЕ потворно ги излажа граѓаните“.
Тренчевска посочи дека кај капиталните инвестииции во социјалната заштита, за изградба на дневни центри за деца и лица со попречност, домови за стари лица се предвидени само 9 милиони денари, со кои нема да може ни да се сервисираат обврските за започнатите домови во Кавадарци, Македонски брод, Чешиново Облешево, Берово, Пробиштип, проекти на СДСМ во финална фаза, да се пуштат во употреба во 2025 година.
„Нема пари во буџетот за покачување на минимална плата, нема за спроведување на обврските од општиот колективен договор за јавниот сектор, нема слух за синдикатите, нема намера да ја реализира новата методологија за пресметка на платите во јавниот сектор. За вашата негрижа може да се зборува многу, но само ќе кажам владата ги разочара најранливите, ги разочара работниците, ги разочара граѓаните во единиците на локланата самоуправа каде се воспоставени социјални услуги, ги разочара лицата со попреченост. Со предлог-буџетот за 2025 ги разочара со својата безидејност, лошто и нерелано планирање. Затоа нема да гласаме за ваков буџет, бидејќи нема да донесе економски раст, ниту подобар животен стандард за граѓаните, овој буџет есамо едно предизборно манипулурање со граѓаните. Буџетот што го испланира власта е од даноците на граѓаните за џебовите на ДПМНЕ“, порача пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, во своето обраќање на пленарната седница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) СДСМ бега од темата Груби и од борбата против корупцијата, рече Петрушевски
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција оцени дека Социјалдемократскиот сојуз, како што рече, бега од темата Груби, и наместо да го поздрави справувањето со криминалот, нуди приказни за театар и циркус.
„Времето покажува дека на СДС – безрбетна најдобро ѝ оди кога нешто треба да се продава, распродава и да се мести. И тоа е така без разлика дали тоа е местење на тендери или продавање на државата“, изјави Петрушевски.
Тој рече дека партијата наместо да поздрави, како што наведе, „чин на справување со незаконити дејствија, криминал, фаќање на лица кои бегаат или бегале од правдата“, се занимава со други теми.
„Очигледно е зошто го прават тоа, веројатно затоа што во конкретниот случај со Артан Груби не можат ни да се сетат во што се биле заедно вмешани, во какви зделки, коруптивни активности или криминал. Поточно во што се шурувале“, изјави Петрушевски.
Тој додаде дека актуелното раководство на СДСМ, меѓу кои ги спомена Венко Филипче, Оливер Спасовски, Јованка Тренчевска и Јон Фрчкоски, „кажуваат секојдневно некакви приказни“, но дека суштината, според него, е борбата против корупцијата.
„Професионална, координирана активност на надлежните служби за да се фати бегалец од правдата покажува на дело дека сега борбата со корупцијата и криминалот е решителна“, изјави Петрушевски.
Тој нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ клучна е борбата со корупцијата и криминалот и, како што рече, „поставувањето на здрави темели на начелото на владеење на правото“.
Македонија
Кардиологија и Кардиохирургија стануваат еден центар: заштедите од спојувањето ќе одат во опрема и едукација, најави Алиу
Владата на последната седница, која се одржа минатиот вторник(24.02.2026), на предлог на Министерството за здравство, донесе одлука за спојување на Клиниката за кардиологија и Државната клиника за кардиохирургија, со цел обезбедување повисок степен на интегрираност, координација и ефикасност во третманот на пациентите со кардиоваскуларни заболувања, преку рационално искористување на постојните човечки, просторни и технолошки ресурси на двете установи.
„Со донесената одлука за спојување на двете клиники формираме единствен центар на терциерно ниво за кардиоваскуларна медицина, кој овозможува континуитет на дијагностичко-терапевтскиот процес, од превенција и дијагностика, до интервентен и хируршки третман. Преку укинување на административните дупликати и оптимизација на организациската структура, создаваме предуслови за заштеда на средства кои ќе се реинвестираат во унапредување на квалитетот на услугите, модернизација на медицинската опрема и професионална едукација на кадарот“, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.
На овој начин ќе се овозможи подобра искористеност на капацитетите, односно зголемен број интервенции со интеграција на лабораториските, стерилизациските и операционите служби. Пациентите ќе добиваат комплетна кардиолошка и кардиохируршка грижа во рамки на единствена установа, без административни пречки и чекање трансфер, што значи поголема достапност и континуитет на здравствените услуги.
Воедно, спојувањето на клиниките ќе придонесува кон развој во сегментот на едукација и истражување, со креирање обединет академски центар со повеќе можности за обука на специјализанти, супспецијализанти и развој на научни програми.
Македонија
Исчистен просторот кај СЦ „Борис Трајковски“, подигнати 3.500 м³ отпад за 100 дена
Општина Карпош спроведе сериозни активности за уредување на јавните површини. Дивите депонии на повеќе локации се расчистени, а просторот околу Спортскиот центар „Борис Трајковски“ е целосно исчистен. На потегот кај „Скупи 5“ и кон Бардовци се подигнати над 3.500 кубни метри отпад, информираат од општината.
Покрај тоа, од општината велат дека се реализирани повеќе од 50 интервенции на јавното осветлување, спроведена е редовна дератизација и одржување на противпожарната инфраструктура во училиштата и градинките. Исто така, објавен е повик за стерилизација на улични мачки, а во училиштата започнаа активности за производство на компост и намалување на аерозагадувањето.

