Спорт
(Видео) Реал и и ПСЖ мораа да победат и го направија тоа, Баер во 90.минута го победи Интер, Брест е сензацијата во ЛШ
																								
												
												
											Фудбалерите на Реал Мадрид ја прекинаа серијата од два порази со триумфот во Бергамо против Аталанта 3.2 (1:1). Вечерва покрај Реал, победи на гостински терен забележаа Баерн Минхен, ПСЖ и Астон Вила, Баер Леверкузен го победи Интер,а домашни победи забележаа уште Брест и Бриж.
Дербито во Бергамо донесе пет гола, а можеше да има уште толку.
На овој начин Реал избега од опасната зона, бидејќи пред ова коло беше прв „над линијата“, односно на 24. позиција на табелата.
Килијан Мбапе промаши во втората минута, но не и во 10. кога лесно го мина Де Рон и ја испрати топката во голот. Неколку минути подцна Мбапе беше „еден на еден “ со Карнесеки, кој успеа да одбрани. Во средишницата на првото полувреме Мбапе поради повреда го напушти теренот.
Аталанта го притисна Реал во финишот на првиот дел и во втората минута од судиското надополнување Колашинац изнуди пенал. Сигурен реализитор беше Де Кетеларе.
Во вториот дел, во интервал од четири минути Реал стекна предност од два гола. На индивидуален квалитет најпрвин погоди Винисиус во 55., а потоа и Белингем во 59.минута.
Аталанта ексресно се врати во натпреварот, најдобриот играч на екипата од Бегамо, Адемола Лукнанго совлада Куртоа во 65.минута.
До крајот шанси за Аталанта имаа Колашинац, Самарџиќ, Лукман, а во последните секунди најголемата шанса ја имапе Ретеги, кој промаши празен гол од три метри.
Германскиот првак Баер во Левекузен, во второто дерби го победи Интер со 1:0. Единствениот гол го постигна Мукиеле во 90.минута.
Резултати:
Аталанта – Реал 2:3 (1:1)
/Де Кетеларе 45+2, Лукман 65 – Мбапе 10, Винисиус 56, Белингем 59/
Баер – Интер 1:0 (0:0)
/Мукиеле 90/
Брест – ПСВ 1:0 (1:0)
/Ле Кардинал 43/
Бриж – Спортинг 2:1 (1:1)
/Кварезма 24аг, Нилсен 83 – Катамо 3/
Лајпциг – Астон Вила 2:3 (1:1)
/Опенда 27, Баумгартнер 62 – Мегин 3, Дуран 52, Баркли 85/
Салцбург – ПСЖ 0:3 (0:1)
/Рамош 30, Мендес 72, Дуе 85/
Шахтјор – Баерн 1:5 (1:2)
/Кевин 5 – Лајмер 11, Милер 45, Олисе 70 пен. 90+3, Мусијала 87/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Спорт
Дејвид би можел да го напушти Јувентус
														Канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид (25) е незадоволен од својата минутажа во Јувентус и би можел да го напушти клубот од Торино во зимскиот преоден рок, објавија италијанските медиуми.
Дејвид постигна 25 гола и 12 асистенции во Лил минатата сезона, а во јули се пресели во Јуве како слободен играч. Со „Старата дама“, Дејвид потпиша петгодишен договор.
Иако оваа сезона одигра 12 натпревари, не успеа да се етаблира како стандарден играч во првиот тим. Во тие 12 натпревари постигна само еден гол.
Италијанските медиуми тврдат дека новиот тренер на Јувентус, Лучијано Спалети, би можел да има слух за канадскиот репрезентативец и да му даде поголема улога.
Спалети, кој го наследи Игор Тудор, дебитираше на тренерската клупа на Јуве во саботата, со победата над Кремонезе (2:1), но Давид влезе во игра дури во 85-тата минута.
Исто така, малку е веројатно дека Дејвид ќе биде во почетниот состав за вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите против Спортинг.
Спорт
Стефано Пиоли доби отказ
														Сопствениците на Фиорентина го отпуштија Стефано Пиоли. „Виолетовите“ со Пиоли на клупата не забележаа ниту една победа во првите 10 рунди во Серија А.
Фиорентина под Пиоли освои само четири поени и се наоѓа на последната позиција на табелата.
Кога пристигна во средината на јули оваа година, потпиша договор до јуни 2028 година, па Фиорентина веројатно скапо ќе ја плати оваа непланирана разделба.
Помеѓу Фиорентина и Милан, кого го водеше 240 пати и го освои италијанското првенство во 2021/22 година, Пиоли имаше и краток престој во Ал-Наср.
Спорт
Спанулис и во иднина ќе ја предводи Грција
														Легендарниот кошаркар, а сега тренер Василис Спанулис, останува селектор на грчката репрезентација. Ова во вторникот официјализираше Кошаркарскиот сојуз на Грнција.
Спанулис им донесе бронза на Грците од овогодинешниот Евробаскет. Тоа беше и првиот медал на Грција на големо натпреварување од 2009 година. Затоа во националниот Сојуз веднаш му понудија нов договор.
Во исто време, легендарниот Грк ќе продолжи да работи во вицешампионот на Евролигата, Монако, а неговата следна цел кога станува збор за репрезентацијата ќе биде да ја однесе Грција на Мундобаскетот во 2027 година.
Спанулис е на клупата на грчката репрезентација од октомври 2023 година, а ја водеше оваа репрезентација на Олимписките игри во Париз една година подоцна.

