Македонија
Меџити на министерскиот совет на енергетската заедница во Австрија: во фокусот управување со водите, надградба на патоказот за декарбонизацијата
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денес отпатува на работна посета на Виена, Австрија, каде ќе учествува и ќе има обраќање на 22-от Министерски совет на Енергетската заедница, што ќе се одржи на 12 декември.
На овој годишен состанок, каде Меџити присуствува заедно со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, ќе се дебатира околу теми поврзани со идното воведување на дополнителни законодавни обврски од областите нa управувањето со водите, живеалишта и дивите птици (измените од 2009 на ЕУ директивата), како и околу надградбата на патоказот за декарбонизацијата.
Енергетската заедница е меѓународна организација која ја олеснува енергетската соработка на ЕУ и деветте договорни страни: Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина, а има и три постојани набљудувачи: Ерменија, Норвешка и Турција. Нејзина главна цел е да ги приближи договорните страни на ЕУ преку олеснување на реформите и постепено проширување на правото на ЕУ за енергија, животна средина и клима.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од Центар денеска без струја
ЕВН Македонија АД известува дека поради панирани зафати на електро дистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
– Од 09:00 до 16:00 часот,дел од улиците Пролет, Стале Попов и Крушевска Република во општина Центар;
– Од 07:00 до 09:30 часот, дел од улицата Народен Фронт од Поликлиника Ружа до ресторан Крчма, општина Центар.
Македонија
Сончево време со мала облачност, од понеделник пад на температурите
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.
Преку денот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени, јавува УХМР.
Во Скопје претпладне во делови од котлината со појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 15 степени.
И во сабота ќе се задржи стабилно и релативно топло време, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во недела кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од повремен слаб снег. Услови за повремени локални врнежи претежно од снег ќе има и во вторник. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Прекинато водоснабдување во делови од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска (петок), поради водоводен приклучок на ф 200 мм на ул Јордан Мијалков бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул,Јордан Мијалков и Фискултурното училиште „Методија Митевски Брицо“ од 08:00ч до завршување со работните обврски.(општина Центар)