Македонија
(Видео) Кирков: Скопје е под закана за целосна блокада, Арсовска да се разбуди од сонот во кој градот функционира
Данела Арсовска продолжува со своето скандалозно однесување несоодветно на позицијата што ја има. Неодговорноста и лошото менаџирање на Данела Арсовска во Скопје повторно излегува на виделина. Се потврдува дека Арсовска е кума на хаосот во Скопје, вели Стефан Кирков, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.
Арсовска, додава тој, сè уште не поднесе буџет за 2025 година во законски предвидениот рок, поточно 10 декември, како што велат правните норми, со што во прашање го става целосно функционирањето на градот Скопје.
„Според календарот, рокот во кој градоначалникот доставува предлог-буџет до Советот на Град Скопје е најдоцна 10 декември. Факт е дека тој рок истече, а Данела Арсовска сè уште спие. Ова досега се нема случено во историјата на Град Скопје и ова неодговорно однесување на Арсовска го блокира нормалното функционирање на градот. Арсовска продолжува со обвинувањата кон секој и сешто и сите други и се виновни додека таа се занимава со сè и сешто, но не само со тоа што ѝ е работа. Коалицијата Арсовска – ДУИ – Левицата продолжува со црни и штетни сценарија поради нивни лукративни причини, а штетните последици од недонесувањето на буџетот ќе ги сносат граѓаните“, нагласува Кирков.
Доколку не се донесе буџетот, според него, следната година Град Скопје ќе биде блокиран и нема да може да функционираат јавните претпријатија и установите во Скопје. Клучните претпријатија за градот, како „Комунална хигиена“, ЈСП, „Водовод“, „Градски паркинг“, „Дрисла“, „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“, ќе бидат блокирани, што во целост ќе се закочи целиот град, а за тоа Арсовска мора да е свесна и мора да преземе одговорност.
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Данела Арсовска да се освести и веднаш да пристапи кон решавање на овој проблем.
Граѓаните на Скопје, оценува тој, не се виновни за хаосот што го прави Арсовска и Скопје не смее да биде заложник на Арсовска и коалицијата СДС – ДУИ – Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

