Спорт
Манчестер Сити минатата сезона оствари рекорден приход!

Фудбалскиот клуб Манчестер Сити денеска соопшти дека во сезоната 2023/24. остварил рекорден приход од 715 милиони фунти (околу 865 милиони евра).
Приходите на Сити се зголемија за 2,2 милиони фунти по рекордот од минатата сезона од 712,8 милиони фунти.
Сити дојде до оваа сума во сезона кога не успеа да го повтори историскиот резултат – „тројната круна“ (Премиер лига, ФА Куп и Лига на шампиони) од сезоната 2022/23, но го освоија четвртиот последователен англиски шампионат, заедно со трофеи на Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа.
Од клубот изјавија дека трите главни извори на приход се – рекламирањето, приходите од денот на натпреварите и телевизиските права. Комерцијалните приходи благо се зголемија од 341,4 милиони фунти на 344,7 милиони фунти.
„На и надвор од теренот, нашата страст за следниот предизвик е поткрепена со обмислено и детално планирање и верба во културата на заедничко учење што ја изградивме. Овој организациски пристап сега е дел од нашата ДНК“, рече претседателот на Манчестер Сити, Калдун Ал. Мубарак.
Сити има профит од сезоната 2014/15, со исклучок на сезоната 2019/20, обележана со пандемијата на коронавирус.
Клубот од Манчестер е во резултатска криза, има само една победа од последните 10 натпревари, а се наоѓа на четвртото место во Премиер лигата, со осум бода помалку од лидерот Ливерпул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
CIES: Кои тимови ќе бидат шампиони во Англија, Италија, Шпанија…?

Ако треба да се верува на статистиката, Ливерпул ќе ја брани титулата во Премиер лигата, Баерн повторно нема да има конкуренција во Бундеслигата, додека Серија А и Ла Лига ќе добијат нови шампиони.
Ова се проценки на фудбалски експерти од Меѓународниот центар за спортски студии (CIES). Истражувачка група од швајцарскиот град Нојшател ги објави резултатите од статистички модел кој ја предвидува веројатноста за освојување на шампионската титула за клубовите во 29 различни лиги низ целиот свет.
Интересно е што вечи статистиката за петте најсилни национални првенства во Европа.
Ливерпул ќе ја одбрани титулата во Премиер лигата, Баерн Минхен повторно нема да има конкуренција во Бундеслигата, исто како Пари Сен Жермен во Франција, додека Серија А и Ла Лига ќе добијат нови шампиони – Интер и Реал Мадрид.
Погледнете ги комплетните листи и коефициенти на сите тимови во најсилните пет национални шампионати во Европа:
Спорт
Ериксен „преку врска“ најде нов клуб

Данецот Кристијан Ериксен (33) се сели во Бундеслигата каде што ќе ги брани боите на Волфсбург.
Доколку ги помине лекарските прегледи, ќе ја зголеми мини-колонијата на своите сонародници. Јоаким Меле, Јеспер Линдстром, Андреас Сков Олсен, Адам Дагим и Јонас Винд веќе се под договор со клубот од Долна Саксонија.
И спортскиот директор на клубот е Данец – Петер Кристијансен, кој е најзаслужен за доаѓањето на Ериксен.
Данските медиуми објавуваат дека Ериксен е на пат кон Германија, каде што треба да ги заврши сите формалности и да потпише за нов клуб во текот на денот.
Ериксен ја заврши соработката со Манчестер јунајтед ова лето. Со Волфсбург ќе потпише едногодишен.
Спорт
Манданда замина во пензија

Сега веќе легендарниот голман на Марсеј, Стив Манданда одлучи да ја заврши кариерата.
Договорот на Манданда со Рен истече во јуни, а бидејќи францускиот голман веќе има 40 години, тој одлучи да се пензионира. Поранешниот француски репрезентативец се обиде да најде нов клуб и да ја продолжи кариерата за барем уште една година, но тоа не успеа.
Манданда стана легенда на Марсеј. Тој дојде многу рано во клубот од југот на Франција од Авр. Помина осум години таму, пред да се пресели во Кристал Палас, каде што не остана долго. Манданда повторно се врати во Марсеј и остана во Олимпик уште четири години таму.
Тој освои една титула со Марсеј и три Лига купови, како и два Суперкупа. Бранеше за Марсеј во 612 наврати, а кариерата ја заврши во Рен, каде што беше меѓу стативите 102 пати.