Спорт
(Видео) Че Адамс од половина терен го шокира Емполи
Синоќа 16. коло од Серија А започна со дуелот помеѓу Емполи и ТориноМинимална победа забележаа гостите.
Голот за победа е вистинско ремек дело. Го постигна Че Адамс и сигурно е еден од најубавите оваа сезона.
По грешка на Емполи во нападот и додавањето на Никола Влашиќ, играчот на Торино ја во 70.минута, „удри“ по топката од половина терен. Адамс забележа дека голманот Дејвис Васкез Лах е далеку од својот гол, неговата грешка ја казни со фантастичен гол од околу 45 метри.
Со оваа победа Торино се израмни со Емполи на 10-то место на табелата и сега има 19 бодови.
Торино во следното коло ќе ја пречека Болоња, додека Емполи во Бергамо ќе ја пречека Аталанта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Марка“: Крај на „шпанската серија“, Барселона ќе го регистрира Олмо
„Сапуницата околу Дани Олмо заврши. Барселона успеа. Шпанскиот репрезентативец ќе биде успешно регистриран за продолжението на сезоната во Ла Лига. Џоан Лапорта успеа да продаде ВИП ложите на „Камп Ноу“ за 100 милиони евра и со тоа ќе ја убеди Ла Лига да му дозволи во понеделник ги регистрира Олмо и Пау Виктор“, објави „Марка“.
Во следните 20 години, најелитните места на стадионот наводно ќе ги поседува катарска компанија, а за тоа ќе платат 100 милиони евра.
Каталонски „Спорт„, тврди дека Барселона сакала да ја одложи зделката до наредното лето и на неа да заработи 200 милиони евра, но поради неможноста да го регистрираат Олмо решиле да го забрзаат процесот и да прифатат помала сума.
Претседателот Лапорта ја испрати целата документација до Ла Лига и се надева дека првиот човек на лигата Хавиер Тебас навреме ќе ја одобри.
Да потсетиме, Олмо во август пристигна во Барселона од Лајпциг за 55 милиони евра, со што се врати во клубот каде што беше капитен во младинските категории, пред да се пресели во Динамо Загреб, а потоа во Лајпциг..
Барселона првично успеа да го регистрира Олмо за првиот дел од сезоната користејќи го фактот дека Андреас Кристенсен се повреди, но Данецот се враќа во тимот, па мора да се регулира договорната ситуација на Олмо.
Спорт
Шпанците најавија спектакл во чест на Радомир Антиќ
Прославениот српски тренер Радомир Антиќ следниот викенд ќе добие голема чест во местото каде што помина значаен дел од својот живот. Антиќ почина на 6.април 2002 година во Мадрид.
Фудбалскиот клуб Марбеља објави дека претстојниот натпревар од Копа дел Реј против Атлетико Мадрид, закажан за 4 јануари, ќе биде во знакот на поранешниот селектор на Србија и тренер на Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.
Антиќ живееше во Марбеља, а градот Малага најави дека ќе му оддаде почест, бидејќи овој натпревар ќе се игра на стадионот Ла Росаледа“ во Малага, поради огромниот интерес.
Најавено е дека веќе се продадени 25.000 билети и дека остануваат уште само 6.000, кои сигурно ќе бидат продадени во следните неколку дена.
Најавено дека првиот удар на мечот ќе го изведе неговата ќерка Ана.
Спорт
(Видео) Шампионот лесно се справи со Каљари
Фудбалерите на Интер, на Сардинија го совладаа Каљари со резултат 3:0 во 18. коло од Серија А.
Актуелните шампиони ја забележаа 12. победа во првенството го освоија 40. бод и дојдоа на делба на првото место во Серија А, Аталанта допрва ќе го одигра својот меч од оваа рунда.
Во првото полувреме немаше голови, Интер беше подобриот тим, но не успеа да ја искористи единствената голама шанса.
Во 53. минута Бастони го „скрши мразот“, Интер поведе со 1:0, а 20 минути подоцна Лаутаро Мартинез зголеми на 2:0. Точка на победата стави Чалханоглу во 78.минута од пенал.