Македонија
Божиновска: Македонија поблиску до енергетска ефикасност преку Фондот на Светската банка
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денес оствари работна средба со претставници на Светската банка.
Во фокусот на разговорите беа енергетската ефикасност и заложбите на Македонија да постигне енергетска независност и трансформација кон обновливи извори на енергија, како и можностите и придобивките што ги нуди Фондот за енергетска ефикасност и соработката со Светската банка на ова поле.
На средбата, експертите за енергетика од Светската банка, Адитја Лукас, (Aditya Lukas – task team leader, Senior Energy Specialist), Редон Беголи (Rhedon Begolli dpt. Country Manager, energy specialist) и Иван Крофак (Ivan Krofak Energy consultant), ја презентираа финансиската рамка на фондот за енергетска ефикасност потенцирајќи ги придобивките и значењето на овој фонд за постигнување на целите на Македонија.
Претставниците на Светската банка ја информираа министерката и за тековната имплементација на проектите за енергетска ефикасност што се работат на ниво на државата и на ниво на општините. Се разговараше и за можностите за идни проекти, а со цел зајакнување на соработката и постигнување на посакуваните резултати.
На средбата беше потврдена заложбата на Светската банка во континуитет да овозможи помош и финансиска, техничка и организациска поддршка од областа на енергетиката, а со цел обезбедување брза зелената транзиција на македонскиот енергетски сектор.
Учесниците на состанокот уште еднаш ја потврдија досегашната одличната соработка и заложбите за нејзино понатамошно продлабочување.
Светската банка, соработувајќи со македонските институции, врши систематската дијагностика за земјата (Systematic Country Diagnostic) со цел да ги идентификува најкритичните препреки и можности за да се промовира заеднички просперитет на одржлив начин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

