Црна хроника
Три лица искасани од кучиња скитници
Вчера во 16.00 часот во Полициска станица Аеродром, Д.Т.(29) од с.Ракотинци, скопско, пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Истиот ден во 16.50 часот во Полициската станица Кисела Вода, Р.Б.(42) од Скопје пријавил дека на мост на кеј на река Вардар во Скопје бил каснат од куче скитник.
Во Полициската станица Велес вчера во 15.40 часот, З.М.(47) од Велес пријавил дека на улица „Благој Нечев“ во Велес бил каснат од куче скитник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетничка нападната со остар предмет од нејзиното поранешно момче
Синоќа во 21.30 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена од с.Бојане, скопско, пријавила дека на 15.12.2024 околу 20.30 часот на автобуска постојка во с.Сарај, скопско, нејзината малолетна ќерка била физички нападната со остар предмет од нејзиното поранешно момче Б.П. од с.Грчец, скопско.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Пожар во куќа во Скопје: загина 71-годишен маж, неговата сопруга хоспитализирана поради гушење
Ноќеска во 00.51 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Финска“ во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на М.А.(71).
При гаснење на пожарот, од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје бил пронајден починат сопственикот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Додека, неговата сопруга А.В.(68) со симптоми на гушење била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Приведен криминалец баран за затворска казна од три години
Денеска во 08 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.Р.(30) од Куманово.
Тој бил баран по потерница за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Љ.Р. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.