Спорт
(Видео) Мачни сцени во Атина, тешка повреда на Матијас Лесор
Центарот на Панатинаикос, Матијас Лесор, заработи тешка повреда на натпреварот од 17. коло од Евролигата против Басконија.
Францускиот репрезентативец се повреди на почетокот на третата четвртина при водство на неговиот тим 56:35.
Лесор фати дефанзивен скок, не приземји добро и започна да вреска од болки.
Следуваше долга пауза, а некои од играчите дури и заплакаа кога Лесор. На крајот тој на „една нога“ замина во соблекувалната.
Дополнително ќе биде познат степенот на повредата на Лесор.
EYVAH EYVAH MATHIAS LESSORT ÇOK KÖTÜ SAKATLANDI ☹️ pic.twitter.com/xjNW1ky5Q1
— Euroleague Time (@euroleague_time) December 19, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Исак Хаџар ќе му биде тимски колега на Јуки Цунода
Сестринскиот тим на Ред Бул, кој во новата сезона ќе се натпреварува под името Виза Кеш Ап Рејсинг Бул, во петокот објави дека Лијам Лосон ќе биде заменет со Исак Хаџар.
Хаџир тргна по стапките на Макс Ферстапен, Себастијан Фетел и Даниел Рикиардо. Тој е 19. возач кој се приклучил на Формула 1 преку јуниорската програма на Ред Бул.
„Многу сум возбуден што ќе преземам нова улога во тимот. Ова е голема работа за мене, но и за моето семејство и сите луѓе околу мене кои веруваа од самиот почеток. Патувањето од картинг до Формула 1, неверојатно. Ова е нешто за што работев од првиот ден и се чувствувам како да зачекорив во сосема нов универзум“, изјави новиот возач на тимот.
Тимски колега на Хаџир ќе му биде Јапонецот Јуки Цунода.
Лиам Лосон, претходникот на Хаџир кариерата ја продолжува во Ред Бул. Во тимот го замени Серхио Перез.
Спорт
Цела Америка зборува за гестот на Брок Парди
Интересна приказна доаѓа од Сан Франциско Фортинајнерс, франшиза која се натпреварува во професионалната фудбалска лига, НФЛ.
Брок Парди, бекот на 49-те, е свесен дека не може сам да игра на теренот и е свесен колку му значат сите негови соиграчи, па реши да го покаже тоа на целата офанзивна линија пред празниците им подели подароци.
Парди реши да им се заблагодари на десетмина соиграчи и да ги изненади со подароци. Сите добија автомобил Тојота.
Парди се одлучи за моделите Такомас и Секвоја, а со нови автомобили дома си заминаа (меѓу другите) Арон Бенкс, Џејлон Мур, Ник Закељ, Џејк Брендел, Спенсер Барфорд и Колтон Мекевиц.
Brock Purdy is a real one 🫡 pic.twitter.com/pkUEXUaWzf
— Coach Yac 🗣 (@Coach_Yac) December 20, 2024
Гестот на Парди ги воодушеви навивачите, за нив неговиот гест покажува колку е важна тимската работа, дека тој искажал благодарност за често потценетиот придонес на офанзивната линија.
Како играч кој сè уште има руки догово, Парди заработува 934.252 долари годишно. Петте стартери во офанзивната линија заедно инкасираат 37.651.852 долари годишно
Спорт
„Поради нашите односи со Србите и поради Косово, не треба да си играме со нив“
Неодамна оджаната ждрека за квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година ги спои Србија и Албанија. Топ фаворит во групата е Англија, а аутсајдери се Летонија и Андора. Јасно е дека натпреварите меѓу Србија и Албанија ќе привлечат огромно внимание.
Последен пат Србија и Албанија се сретнаа во квалификациите за ЕП 2016 година. Натпреварот во Белград потоа беше прекинат по голема тепачка откако на стадионот со дрон беше развеано знаме на „Голема Албанија“, а на зелената маса бодовите им беа доделени на Албанците.
Еден од играчите на тој натпревар, Лорик Цана, тогаш капитен на албанската репрезентација, а сега вработен во Фудбалската федерација на Албанија, вели дека Србија и Албанија не треба да играат меѓусебно.
„Верувам дека ниту една репрезентација не сака нешто слично да се случи повторно. ФИФА и УЕФА имаат правила кои забрануваат натпревари меѓу земји кои се во директен конфликт или имаат одредени политички спорови. Иако нашите две земји не се во директен конфликт, ниту имаат територијални претензии, поради сето она што го доживеавме како народ, а особено како национално малцинство во Југославија, не е логично да играме едени против други во групата“, рече Цана.
„Односите што ги имаме со Србите како народ и некои процеси ја прават целата ситуација деликатна. Особено поради Косово и сето она што го поминавме таму каде што сè уште нема решение“, додаде тој.
УЕФА смета дека двете селекции можат да играат меѓусебно, со оглед на тоа што Србија и Албанија поднесоа заедничка кандидатура за организација на Европското првенство за фудбалери до 21 година.